Промени тема
Контакт
(Не)култура, насилство, национализам, идентитет, „Дајте музика“... - „Претрес“ на Снешка-Смешка Руси
(Не)култура, насилство, национализам, идентитет, „Дајте музика“... - „Претрес“ на Снешка-Смешка Руси

Изолација на обвинет го одложи „Титаник“, презакажано рочиштето за „Плацеви на Водно“

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 4 години -

Македонија
titanik-sudenje

Кривичниот суд ги одложи рочиштата за предметите „Титаник“ и „Плацеви на Водно“. За „Титаник“ е соопштено дека еден од обвинетите е во изолација. За вториот случај, нема објаснување зошто нема да се одржи рочиштето.

„Заради интерес на медиумите и невладините организации кои ја следата главната расправа за предметот со КОК бр.7/18 од обвинителството означен како „Титаник“, ја информираме јавноста дека расправата насрочена за 14.09.2021 година се одлага заради добиено решение за изолација, согласно протоколите за заштита од Ковид – 19, на еден од обвинетите, а воедно истовремено е насрочена и расправа за предметот во јавноста познат како „Плацеви на Водно“ каде застапник на обвинението е истиот Јавен обвинител. Следната расправа за предметот „Титаник“ е насрочена за 22.09.2021 година во 10:00 часот за што веќе се известени странките во постапката“, соопштија од Кривичен суд.

— реклама —

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања