Изолацијата на Мицкоси во Давос покажа колку му слугува на Орбан, велат од СДСМ

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 1 седмица -

Македонија
media-libraryu3ga0lfnq4cf3OW4Uvp

— реклама —

Дипломатската изолација на Мицкоски се покажа во Давос. Премиерот немаше ниту една средба со светски или европски лидер. Се снимаше по ходници и тераше туризам на сметка на граѓаните, велат од СДСМ.

— реклама —

„Единствена средба којшто ја одбележа неговата посета на Давос беше со сопственикот на унгарската 4iG, поврзана со режимот на Виктор Орбан.

— реклама —

Ова покажува колку Мицкоски му слгува на Орбан во ширењето на неговото политичко и бизнис влијание.

Во оваа насока е и последната одлука на Владата на Мицкоски за влез на компанија 4iG во телекомуникацискиот сектор.

Ова не е инвестициски успех туку политички проект за преземање контрола врз стратешки сектори како телекомуникациите и медиумите, создавајќи мрежа на авторитарни влијанија што го изолираат регионот од ЕУ.

Сопственици на провладините портали кои се дел од медиумскиот октопод Алфа-Алта во најголем дел се од Унгарија и директно поврзани со Орбан.

СДСМ веќе два месеци предупредува за планот на ВМРО за преземање контрола врз стратешките сектори и пред се во медиумите и тој план станува сè поочигледен.

СДСМ повикува заштита на националните интереси од странски влијанија што ја загрозуваат независноста и европската иднина на Северна Македонија.

Не смее да се дозволи нашата земја да стане дел од овој круг на корупција и авторитарност“, се вели во соопштението.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања