Началникот на израелскиот генералштаб Херзи Халеви ги одобри плановите за продолжување на војната против Хамас во Појасот Газа, соопштија израелските одбранбени сили (ИДФ).
„Денеска, началникот на Генералштабот, потполковник Херзи Халеви, ја оцени ситуацијата и ги одобри плановите за продолжување на војната во областа на Јужната команда“, се вели во соопштението на израелските медиуми.
Израелската армија се обидува да ја прошири својата офанзива во Појасот Газа кон јужниот град Рафах, каде што многу од 2,4 милиони жители на палестинската енклава се засолниле во изминатите неколку месеци.
Да потсетиме, Претставничкиот дом на американскиот Конгрес изгласа да се обезбеди помош за Израел во вкупна вредност од 26 милијарди долари, а благодарност изрази премиерот на Израел, Бенјамин Нетанјаху.
Израел започна копнена инвазија на Газа откако Хамас ја нападна еврејската држава на 7 октомври.