Промени тема
Контакт
Најнова епизода Од „обид за убиство“ до врвот на СДСМ: „Претрес“ на Трифуновски за фештата, бегството, Алта Банка Гледај на LANDOV.MK

Израел и Либан постигнаа договор за прекин на огнот со посредство на САД

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 5 месеци -

Свет
media-library79fpk2vphpuh1yJHObt

Израел и Либан објавија заедничка изјава за договор за прекин на огнот, постигнат со посредство на Соединетите Американски Држави, со што се отвора можност за намалување на тензиите и продолжување на дипломатските разговори меѓу двете земји.

— реклама —

Според договорот, двете страни се обврзале итно да започнат со воспоставување пилот-зони во кои единствена контрола над територијата ќе имаат либанските вооружени сили, без присуство на недржавни вооружени групи.

— реклама —

Во текстот на заедничката изјава се наведува дека под „недржавни актери“ се подразбира либанското движење Хезболах, кое со години е во фокусот на безбедносните тензии во регионот и честа цел на израелските воени операции.

Договорот предвидува и продолжување на директните разговори меѓу двете земји.

— реклама —

„Израел и Либан повторно потврдија дека немаат непријателски намери еден кон друг и се обврзаа да продолжат со директни преговори за градење доверба, решавање на преостанатите прашања и постигнување сеопфатен договор“, се наведува во заедничкото соопштение.

— реклама —

Договорот се смета за значаен дипломатски исчекор во обидите за стабилизирање на состојбата на јужната граница на Либан и намалување на ризикот од поширока регионална ескалација.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор

Поврзани содржини

Screenshot-2025-06-16-at-11.35.28

Израел се заканува со нови воени операции против Иран: „Мисијата сè уште не е завршена“

Свет | пред 55 минути

— реклама —
netanjahu

Крај на ерата на Нетанјаху? 67 пратеници го поддржаа неговиот ривал

Свет | пред 1 ден

netanjahu

Нетанјаху го оспорува изборниот резултат во Израел, тврди дека арапските партии ги украле изборите

Свет | пред 5 дена

netanjahu

Нетанјаху го оспорува изборниот резултат во Израел, тврди дека арапските партии ги украле изборите

Свет | пред 5 дена

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања