Промени тема
Контакт
Најнова епизода Сведоштва за полициско шамарање во Охрид: Едниот натепан на паркинг, малолетник во нива | Претрес Гледај на LANDOV.MK

Израел им порача на САД: Имаме намера да ја прошириме копнената операција во Рафах

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 2 години -

Свет

Израел има намера да ја прошири воената операција во Рафах, изјави денеска министерот за одбрана Јоав Галант на советникот на американскиот претседател Џо Бајден, кој предупреди на поголема акција во градот на југот на Појасот Газа, што може да доведе до масовни цивилни жртви. Израел го опишува Рафах, град на границата на крајбрежната енклава со египетскиот Синај, како последно засолниште на исламистичкото движење Хамас, чие лидерство и борбен капацитет се обиде да го оневозможи за време на повеќе од седуммесечната војна.

— реклама —

По неколку недели јавно несогласување со Вашингтон околу планирањето на нападот на Рафах, Израел им нареди на палестинските цивили да евакуираат делови од градот на 6 мај, а израелските војници и тенкови ја започнаа операцијата. „Ние сме посветени на проширување на копнената операција во Рафах за да го завршиме отстранувањето на Хамас и враќањето на заложниците“, му рекол Галант на советникот за национална безбедност на Белата куќа Џејк Саливан, се вели во соопштението од неговата канцеларија.

— реклама —

Израел верува дека Хамас држи десетици заложници во Рафах откако го нападна јужен Израел на 7 октомври. Западните сили и Египет изразија загриженост за судбината на стотици илјади раселени Палестинци кои се засолниле таму и покрај израелските гаранции за нивната безбедност.

— реклама —

Агенцијата на Обединетите нации за помош и работа за палестинските бегалци (УНРВА) денеска соопшти дека проценува дека од 6 мај Рафах го напуштиле 810.000 луѓе, што е потенцијално повеќе од половина од неговото воено население.

— реклама —

Во соопштението од канцеларијата на Галант се истакнува дека тој „на советникот Саливан му ги претставил мерките што Израел ги спроведе за евакуација на населението од областа Рафах и обезбедување соодветен хуманитарен одговор“.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика

Поврзани содржини

media-libraryj0j81cq8c6j82hXjPxN

Израелската војска изврши нов напад во Појасот Газа, семејства ги напуштаат засолништата

Свет | пред 4 дена

— реклама —
11-izrael

Израел користи технологија на „Амазон“ за масовен надзор врз Палестинците во Газа

Свет | пред 6 дена

media-librarycak8udcnlp4o9DsKbLB

Трамп ја прекинува воената помош за Израел: „Доволно се богати сами да си купуваат оружје“

Свет | пред 1 седмица

media-libraryb4pgv2eeu4u32CwrZBr

Израел: Мисијата во Иран не е завршена, подготвени сме за сите сценарија

Свет | пред 2 седмици

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања