Промени тема
Контакт
Најнова епизода Сведоштва за полициско шамарање во Охрид: Едниот натепан на паркинг, малолетник во нива | Претрес Гледај на LANDOV.MK

Израел истрела ракети околу Дамаск

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 2 години -

Свет

Израел рано изутринава извршил ракетен напад врз областа околу сириската престолнина Дамаск, објавија од сириска невладина организација и официјалната сириска новинска агенција, кои посочуваат дека има само материјална штета.

— реклама —

„Околу 1 часот по полноќ, израелскиот непријател изврши воздушен напад... насочен кон голем број точки во близина на Дамаск. Нашите системи за противвоздушна одбрана пресретнаа некои проектили, додека другите предизвикаа материјална штета“, изјави воен извор за официјалната новинска агенција Сана.

— реклама —

Од своја страна, Сириската опсерваторија за човекови права (OSHR), невладина организација со седиште во Британија со голема мрежа на извори во Сирија, објави за израелски напади врз „станбен комплекс“ западно од главниот град Дамаск. Областа околу воениот аеродром во близина на Дамаск беше бомбардирана во петокот, според истите два извори.

— реклама —

Израелската војска извршила стотици воздушни напади во Сирија од почетокот на граѓанската војна во соседната земја во 2011 година.

— реклама —

Овие напади се зголемија од почетокот на војната меѓу Израел и палестинскиот Хамас во Појасот Газа во октомври, главно насочени кон силите поддржани од Иран, сојузник на владата на сирискиот претседател Башар ал-Асад и клучен поддржувач на либанскиот проирански Хезболах.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика

Поврзани содржини

media-libraryj0j81cq8c6j82hXjPxN

Израелската војска изврши нов напад во Појасот Газа, семејства ги напуштаат засолништата

Свет | пред 6 дена

— реклама —
11-izrael

Израел користи технологија на „Амазон“ за масовен надзор врз Палестинците во Газа

Свет | пред 1 седмица

media-librarycak8udcnlp4o9DsKbLB

Трамп ја прекинува воената помош за Израел: „Доволно се богати сами да си купуваат оружје“

Свет | пред 2 седмици

media-libraryb4pgv2eeu4u32CwrZBr

Израел: Мисијата во Иран не е завршена, подготвени сме за сите сценарија

Свет | пред 2 седмици

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања