„Претрес“ на Драги Книга: Груевски, Арсовска, Заев... поврзаност на политиката, бизнисот, подземјето
kz2fiBoVvcg

Израел изрази жалење за нападот врз болницата Насер во Кан Јунис

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 3 месеци -

Свет
netanjahu

Во соопштение на кабинетот на израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху се наведува дека Израел „длабоко жали“ за нападот на израелските одбранбени сили (ИДФ) врз болницата Насер во Кан Јунис.

— реклама —

„Израел жали за трагичната несреќа што се случи денеска во болницата Насер во Газа. Израел ја цени работата на новинарите, медицинскиот персонал и сите цивили. Воените власти спроведуваат детална истрага“, стои во соопштението, пренесува „Тајмс оф Израел“.

Според претходните информации на палестинските власти, во нападот загинале 20 лица, меѓу кои и петмина новинари, што предизвика силна меѓународна осуда.

— реклама —

Израелски воени претставници изјавија дека тенковски тим утрово гранатирал камера поставена во болницата Насер во Кан Јунис, поради сомнеж дека уредот се користи за следење на движењето на трупите.

„Нашата војна е со терористите на Хамас. Нашата цел е да го поразиме Хамас и да ги вратиме нашите заложници дома“, порача Нетанјаху.

Директорот на Светската здравствена организација (СЗО), Тедрос Аданом Гебрејесус, побара Израел веднаш да престане со нападите врз здравствени установи во Појасот Газа. Тој на платформата Икс напиша дека „додека луѓето гладуваат, нивниот веќе ограничен пристап до здравствена заштита е дополнително осакатен со повторените напади“. СЗО добила информации дека во нападот се ранети 50 лица, меѓу нив и пациенти во тешка состојба.

И генералниот секретар на Обединетите нации, Антонио Гутереш, преку својот портпарол Стефан Дижарик, силно ги осуди нападите врз болницата во Газа, со повик за брза и непристрасна истрага.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели

Поврзани содржини

media-library8v0h8527to0d098gNZW

(Видео) „Претрес“ од Кочани: Каде заврши поддршката и човечноста?

Македонија | пред 2 месеци

media-librarygab73dmql4hp9Lej5v6

(Видео) Низ солзи мајката на загинатиот Андреј: Дали мораше со трубачи и лепење пари да слави Венко Крстевски по првиот круг

Македонија | пред 2 месеци

media-librarynuo60j7ue6fp1hN2yQO

(ВО ЖИВО) Димитриевски: Јас сум социјалдемократ а не вмровец, Заев е предавник

Македонија | пред 2 месеци

media-librarykn5gubiuk2m18BYIP15

(ВО ЖИВО) Димитриевски: СДСМ е трговец поединец, Платформата за црвените линии на СДСМ е кукавично јајце

Македонија | пред 2 месеци

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања