Промени тема
Контакт

Израел ја активираше „Железна купола“ во Обединетите Арапски Емирати

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 5 месеци -

Свет
bombradirnje
Илустрација

Израел на Обединетите Арапски Емирати им испратил систем за противвоздушна одбрана „Железна купола“ заедно со војници задолжени за негово управување, на самиот почеток на војната со Иран, откриле за „Аксиос“ двајца израелски и еден американски функционер.

Според извештајот, воената, безбедносната и разузнавачката соработка меѓу Израел и ОАЕ за време на конфликтот достигнала ново ниво, а распоредувањето на системот, како што се наведува, досега не било јавно познато.

Од почетокот на војната, Обединетите Арапски Емирати биле цел на ирански напади повеќе од која било друга земја во регионот. Според податоци на министерството за одбрана на Емиратите, Иран истрелал околу 550 балистички и крстосувачки ракети, како и повеќе од 2.200 дронови. Поголемиот дел биле пресретнати, но дел погодиле воени и цивилни цели, по што земјата побарала помош од сојузниците.

— реклама —

По разговор меѓу израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху и претседателот на ОАЕ Мохамед бин Зајед, израелските одбранбени сили, според израелски претставници, испратиле една единица од „Железна купола“ со пресретнувачки ракети и неколку десетици оператори.

Висок израелски функционер изјавил дека ова е првпат Израел да распореди ваков систем во друга земја, додека друг навел дека системот пресретнал десетици ирански проектили.

— реклама —

Во поширокиот контекст, двете земји ја продлабочиле воената и политичката координација, при што израелските воздушни сили, според наводите, изведувале напади врз ирански локации со ракети со краток домет.

— реклама —

Распоредувањето на израелски војници на територија на ОАЕ се оценува како политички чувствително, но емирските претставници наведуваат дека сојузништвото во услови на војна ја променило перспективата за безбедносна соработка.

Израел и Обединетите Арапски Емирати потпишаа мировен договор во 2020 година, а и покрај повремените несогласувања, двете страни оценуваат дека нивната соработка никогаш не била поблиска.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор

Поврзани содржини

gaza2

Израелската армија го уби командантот на Хамас во воздушен напад врз Газа

Свет | пред 9 часа

— реклама —
netanjahu

Нетанјаху со предупредување пред изборите: „Нашите непријатели ќе се обидат да нè нападнат“

Свет | пред 13 часа

media-libraryuek42305l4ovf6Ps9bm

(Видео) „Сакам да те погубам“: Израелскиот министер му се закани на затвореник на Хамас

Свет | пред 1 ден

media-library79fpk2vphpuh1yJHObt

Израел најавува нова фаза на операции во јужен Либан

Свет | пред 2 дена

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања