Промени тема
Контакт
Најнова епизода Од „обид за убиство“ до врвот на СДСМ: „Претрес“ на Трифуновски за фештата, бегството, Алта Банка Гледај на LANDOV.MK

Израел најавува нова фаза на операции во јужен Либан

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 1 месец -

Свет
media-library79fpk2vphpuh1yJHObt

Израел подготвува нова фаза на воени операции во јужен Либан, при што, според наводи на израелските медиуми, планот е воспоставување безбедносна зона и продолжување на операциите против Хезболах. Најавите доаѓаат и покрај договорот за постепено повлекување постигнат во јуни, додека безбедносната состојба во северниот дел на Израел останува напната.

— реклама —

Во пограничното место Нуах Џат, кое се наоѓа на неколку километри од границата меѓу Израел и Либан, до пред неколку недели се воделе жестоки борби меѓу израелските сили и Хезболах. Според изнесените податоци, од почетокот на конфликтот биле истрелани повеќе од 15.000 проектили кон пограничниот регион.

— реклама —

Поради борбите, жителите на Нуах Џат и околните места биле евакуирани. По воспоставувањето на заштитна зона од страна на израелските сили, дел од населението започнало да се враќа.

Израелските сили во одреден период навлегле околу 20 километри во либанска територија и продолжуваат да одржуваат воено присуство во областа. Како цели се наведуваат создавање тампон-зона и уништување на тунелите за кои Израел тврди дека ги изградил Хезболах.

— реклама —

Израел најави дека ќе го задржи военото присуство сè додека либанската влада, согласно постигнатиот договор, целосно не ги разоружа и расформира силите на Хезболах.

— реклама —

Безбедносната аналитичарка Сарит Зехави од агенцијата „Алма“ оцени дека Хезболах претходно бил подготвен за напад врз Израел и оти израелското воено присуство во Либан има цел да спречи такво сценарио. Таа посочи дека Израел би се повлекол доколку либанската армија можела да гарантира дека Хезболах нема повторно да се врати на границата.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор

Поврзани содржини

media-libraryb4pgv2eeu4u32CwrZBr

Израел: Мисијата во Иран не е завршена, подготвени сме за сите сценарија

Свет | пред 1 ден

— реклама —
Screenshot-2025-06-16-at-11.35.28

Израел се заканува со нови воени операции против Иран: „Мисијата сè уште не е завршена“

Свет | пред 1 ден

netanjahu

Крај на ерата на Нетанјаху? 67 пратеници го поддржаа неговиот ривал

Свет | пред 2 дена

netanjahu

Нетанјаху го оспорува изборниот резултат во Израел, тврди дека арапските партии ги украле изборите

Свет | пред 1 седмица

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања