Промени тема
Контакт
Најнова епизода Од „обид за убиство“ до врвот на СДСМ: „Претрес“ на Трифуновски за фештата, бегството, Алта Банка Гледај на LANDOV.MK

Израел нареди евакуација на 20 градови и села во јужен Либан

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 4 месеци -

Свет
napad-liban

Израелската армија денеска нареди евакуација на жителите од 20 градови и села во јужен Либан, откако од петокот навечер беа регистрирани повеќе напади со дронови врз северниот дел на Израел, за кои Тел Авив го обвини либанското движење Хезболах.

— реклама —

Портпаролот на израелската војска, Авихај Адраи, преку објава на арапски јазик на социјалната мрежа Икс ги повика жителите веднаш да ги напуштат своите домови и да се преселат северно од реката Захрани.

„Секој што се наоѓа во близина на борците на Хезболах, нивните објекти или складишта со оружје, го доведува во опасност сопствениот живот“, порача Адраи.

— реклама —

Засега не е познато колку лица се опфатени со наредбата за евакуација.

— реклама —

Претходно, израелската армија соопшти дека биле активирани повеќе предупредувања за воздушна опасност во северен Израел поради сомнежи за напади со дронови на Хезболах. Меѓу погодените подрачја биле и пограничните градови Метула и Мисгав Ам.

Иако примирјето меѓу Израел и либанската влада е во сила од април, Израел и Хезболах продолжуваат меѓусебно да се обвинуваат за негово прекршување. Израелските сили и натаму се распоредени во јужен Либан, каде што еднострано прогласија одредени области за „безбедносни зони“.

— реклама —

Хезболах, кој има поддршка од Иран, одбива да води преговори со Израел, а тензиите долж границата остануваат високи и покрај формалниот договор за прекин на огнот.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор

Поврзани содржини

media-libraryb4pgv2eeu4u32CwrZBr

Израел: Мисијата во Иран не е завршена, подготвени сме за сите сценарија

Свет | пред 1 ден

— реклама —
Screenshot-2025-06-16-at-11.35.28

Израел се заканува со нови воени операции против Иран: „Мисијата сè уште не е завршена“

Свет | пред 1 ден

netanjahu

Крај на ерата на Нетанјаху? 67 пратеници го поддржаа неговиот ривал

Свет | пред 2 дена

netanjahu

Нетанјаху го оспорува изборниот резултат во Израел, тврди дека арапските партии ги украле изборите

Свет | пред 1 седмица

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања