Промени тема
Контакт
Најнова епизода Стефан Николовски на „Претрес“: Тони, Тино, Атанас, Љутков, политичарите и „тајните“ зад сцената! Гледај на LANDOV.MK

Израел побара евакуација на либанскиот град Тир по заканите од Иран

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 4 месеци -

Свет
media-libraryhkrekgtrqai51VYa866

Израелската армија (ИДФ) денеска издаде итен налог за евакуација на градот Тир во јужен Либан, предупредувајќи ги жителите веднаш да ги напуштат своите домови поради можни воени операции против Хезболах.

Наредбата се однесува и на жителите на христијанските населби и околните кампови, на кои им е препорачано да се евакуираат северно од реката Захрани.

— реклама —

Портпаролот на ИДФ за арапски јазик, Авихај Адраи, преку социјалната мрежа Икс порача дека присуството во близина на припадници на Хезболах ги загрозува животите на цивилите.

— реклама —

„Секоја зграда што Хезболах ја користи за воени цели може да стане цел“, предупреди тој.

Новото предупредување доаѓа само еден ден откако Иран соопшти дека ги прекинува нападите врз Израел, но истовремено се закани со „сериозен одговор“ доколку израелската војска продолжи со операциите во јужен Либан.

— реклама —

Во меѓувреме, либанската државна новинска агенција објави дека утринава имало артилериско гранатирање во околината на Мансури и Маџдал Зун, во областа Тир. Засега нема официјална потврда од израелската армија за овие информации.

Израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху изјави дека неговата земја „засега“ ќе се воздржи од нови напади врз Иран, но предупреди дека секој иден напад ќе биде проследен со силен одговор.

Во исто време, американскиот претседател Доналд Трамп ги повика Израел и Иран веднаш да ги прекинат непријателствата, наведувајќи дека мировните преговори се во завршна фаза и дека нивниот успех може да биде загрозен „само од незнаење или глупост“.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор

Поврзани содржини

netanjahu

Нетанјаху го промени официјалниот став на Израел за Фолкландските Острови, тврди „Телеграф“

Свет | пред 9 часа

— реклама —
media-librarys88sdliscgepdEf5G1A

Израел го блокираше Хеброн, десетици Палестинци принудени да ги напуштат домовите

Свет | пред 16 часа

netanjahu

Вештачка интелигенција, лични навреди и семејни трагедии – жестока изборна кампања во Израел

Свет | пред 18 часа

media-librarys88sdliscgepdEf5G1A

Израелската војска го затвори Хеброн по вооружен напад, Нетанјаху нареди дополнителни мерки

Свет | пред 1 ден

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања