Промени тема
Контакт

Израел потврди: „Железната купола“ била распоредена во Обединетите Арапски Емирати

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 3 месеци -

Свет
media-librarybh7g6jsg1a7qf00bIJf
Screenshot Youtube

Израелската министерка за транспорт Мири Регев потврди дека Израел, на почетокот на војната со Иран, распоредил батерија од противракетниот систем „Железна купола“ во Обединетите Арапски Емирати.

— реклама —

Во изјава за Военото радио, Регев истакна дека балистичките ракети претставуваат еден од најголемите безбедносни предизвици, но не откри дополнителни детали за операцијата.

— реклама —

Со ова таа стана првиот израелски функционер кој јавно го потврди распоредувањето на системот во ОАЕ. Претходно, во мај, американскиот амбасадор во Израел, Мајк Хакаби, исто така соопшти дека Израел го поставил противракетниот систем во оваа земја.

Според претходни медиумски извештаи, меѓу кои и оние на „Аксиос“, Израел уште во април го распоредил системот, заедно со воен персонал задолжен за неговото функционирање.

— реклама —

Во текот на конфликтот, Иран извел бројни напади врз Обединетите Арапски Емирати. Според податоците на Министерството за одбрана на ОАЕ, биле истрелани околу 550 балистички и крстосувачки ракети, како и околу 2.200 беспилотни летала.

Според истите информации, Обединетите Арапски Емирати биле меѓу најчесто целените земји во регионот за време на конфликтот.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор

Поврзани содржини

11-izrael

Делегации од Иран, Турција и Пакистан ја напуштија салата додека зборуваше израелскиот претседател на самитот во Азербејџан

Свет | пред 2 дена

— реклама —
media-libraryh6k8ds2fjt5h4oMWrQL

Нави Пилеј ја доби Нобеловата награда за мир, Израел возврати со жестоки критики

Свет | пред 1 седмица

netanjahu

Нетанјаху му честиташе на Додик и најави продлабочување на соработката со Република Српска

Свет | пред 1 седмица

gaza44

Три години од нападот на 7 октомври: Израелците се сеќаваат на жртвите, Палестинците на животот пред војната

Свет | пред 1 седмица

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања