Промени тема
Контакт
Најнова епизода Од „обид за убиство“ до врвот на СДСМ: „Претрес“ на Трифуновски за фештата, бегството, Алта Банка Гледај на LANDOV.MK

Израел тврди дека го убиле шефот за логистика на Хезболах

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 2 години -

Свет
bejrut-napad1

Израелската армија тврди дека го убила шефот за логистика на Хезболах, Сухаил Хусеин Хусеини во Бејрут.

— реклама —

Во соопштението се наведува дека Хусеини, кој раководел со логистиката на Хезболах и финансирањето на неговите различни единици, бил убиен во вчерашниот воздушен напад врз либанската престолнина.

— реклама —

Израелската војска соопшти дека Хусеини бил и член на Советот за џихад на Хезболах, највисокото воено тело на милитантната организација, пишува The Times of Israel.

— реклама —

„Хусеини одигра клучна улога во трансферот на оружје меѓу Иран и Хезболах и беше одговорен за дистрибуција на модерно оружје меѓу единиците на Хезболах, надгледувајќи го и транспортот и дистрибуцијата на ова оружје“, се вели во соопштението.

— реклама —

Хезболах се уште не ги коментира овие тврдења на израелската армија, пренесува Ал Џезира.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор

Поврзани содржини

media-libraryb4pgv2eeu4u32CwrZBr

Израел: Мисијата во Иран не е завршена, подготвени сме за сите сценарија

Свет | пред 1 ден

— реклама —
Screenshot-2025-06-16-at-11.35.28

Израел се заканува со нови воени операции против Иран: „Мисијата сè уште не е завршена“

Свет | пред 1 ден

netanjahu

Крај на ерата на Нетанјаху? 67 пратеници го поддржаа неговиот ривал

Свет | пред 2 дена

netanjahu

Нетанјаху го оспорува изборниот резултат во Израел, тврди дека арапските партии ги украле изборите

Свет | пред 1 седмица

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања