Промени тема
Контакт

Израел тврди дека ликвидирал висок командант на Хамас во Газа

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 2 месеци -

Свет
media-libraryhkrekgtrqai51VYa866

Израел соопшти дека во воздушен напад во Појасот Газа е убиен Мохамед Одех, новоименуван командант на бригадите „Ал Касам“, вооруженото крило на Хамас.

Во заедничко соопштение, израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху и министерот за одбрана Израел Кац навеле дека нападот бил извршен по нивна наредба.

Според израелските власти, Одех бил еден од организаторите на нападот врз Израел на 7 октомври 2023 година и во тој период бил шеф на разузнавачката служба на Хамас.

— реклама —

Израелскиот јавен сервис Кан, повикувајќи се на неименуван израелски функционер, објави дека Одех бил ликвидиран, додека телевизијата Канал 12, цитирајќи безбедносни извори, оцени дека операцијата била „успешно спроведена“.

— реклама —

Во соопштението се наведува и дека Одех бил одговорен за „убиства, киднапирања и ранувања на бројни израелски цивили и војници“.

Нетанјаху и Кац порачаа дека израелската армија и безбедносната служба Шин Бет ќе продолжат со операциите против сите одговорни за нападот од 7 октомври.

— реклама —

„Израел порано или подоцна ќе ги стигне сите извршители“, се наведува во пораката на израелските власти.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика

Поврзани содржини

gaza44

Нова ескалација во Газа: Хамас го обвини Нетанјаху дека го попречува прекинот на огнот

Свет | пред 1 ден

sirija

Израел изврши осум воздушни напади врз база во Сирија, САД предупредуваат на „непотребна ескалација“

Свет | пред 2 дена

gaza44

Израелски министер: Секоја вечер во Газа треба да се убиваат од 30 до 40 луѓе

Свет | пред 3 дена

media-librarys9c9jno9utvb64DO9T3

Еден Палестинец загина во израелски напад во Газа, неколкумина се повредени

Свет | пред 1 седмица

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања