Промени тема
Контакт

Израел: Загинаа третина од заложниците во Газа

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 2 години -

Свет
11-izrael

Израел верува дека една третина од заложниците што останале во Газа, според денешните податоци на владата, загинале, а некои официјални лица сметаат дека бројот е уште поголем.

Од околу 250 луѓе киднапирани од Хамас во Израел и одведени во Појасот Газа за време на нападот на 7 октомври, околу 50 беа ослободени во ноември како дел од договорот меѓу двете страни. Израелската армија ослободи некои од нив, а некои најде мртви.

— реклама —

Владата објави дека 120 луѓе се уште се во рацете на Хамас, од кои 43 биле прогласени за мртви врз основа на различни извори на информации, вклучувајќи разузнавачки информации, снимки од надзор и форензичка анализа. Некои официјални лица приватно веруваат дека бројот на загинати е поголем, пишува Ројтерс.

— реклама —

На почетокот на израелската офанзива Хамас се закани дека ќе ги убие заложниците како одмазда за израелските воздушни напади, а во меѓувреме милитантната група објави дека некои од нив биле убиени во израелските напади.

— реклама —

Израел не исклучи дека тоа е можно во поединечни случаи, но најави и дека на телата на пронајдените заложници имало знаци на егзекуција. Вчера на списокот на убиени се додадени уште четворица заложници.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика

Поврзани содржини

gaza44

Нова ескалација во Газа: Хамас го обвини Нетанјаху дека го попречува прекинот на огнот

Свет | пред 23 часа

sirija

Израел изврши осум воздушни напади врз база во Сирија, САД предупредуваат на „непотребна ескалација“

Свет | пред 2 дена

gaza44

Израелски министер: Секоја вечер во Газа треба да се убиваат од 30 до 40 луѓе

Свет | пред 3 дена

media-librarys9c9jno9utvb64DO9T3

Еден Палестинец загина во израелски напад во Газа, неколкумина се повредени

Свет | пред 1 седмица

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања