Израелските одбранбени сили (ИДФ) објавија видео-снимка за која тврдат дека прикажува уништување на тунел на Хезболах во јужниот дел на Либан.
Според соопштението, станува збор за подземна рута која, како што наведуваат, се користела за планирање и изведување активности насочени против израелските војници. Снимката е црно-бела и прикажува напад врз инфраструктурата за која ИДФ тврди дека е дел од мрежата на Хезболах.
Од израелската армија додаваат дека објектот бил уништен по спроведени претреси во внатрешноста на тунелот и дека операциите против оваа инфраструктура ќе продолжат.