Промени тема
Контакт

Израелската војска пронашла шест тела на заложници во Кан Јунис

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 2 години -

Свет
6f341aff0e33425bf687d1bf0fb6bfab_w768

Израелските одбранбени сили (ИДФ) потврдија дека пронашле тела на шест израелски заложници во тунел во Кан Јунис, јужно од Појасот Газа.

ИД вели дека ќе продолжи да ги истражува причините за смртта на заложниците, вклучително и можноста тие да се убиени во израелски напад, пишува The Times of Israel.

— реклама —

Порталот додава дека израелската армија имала точни разузнавачки информации што им овозможиле на војниците на 98-та дивизија и на членовите на безбедносната агенција Шин Бет да стигнат до тунелите во Кан Јунис и да ги пронајдат телата, среде нова офанзива во градот.

Се верува дека 105 од 251 заложник земен од Хамас во нападот врз Израел на 7 октомври сè уште се во Газа, вклучувајќи ги и телата на 34 заложници за кои ИД потврди дека се мртви.

— реклама —

На крајот на ноември Хамас ослободи 105 цивили за време на еднонеделното примирје, а пред тоа беа ослободени четворица заложници.

— реклама —

Војниците досега спасиле седум заложници, а пронајдени се телата на 30 заложници, вклучувајќи ги и телата на тројца кои војската по грешка ги убила додека се обидувале да побегнат од киднаперите.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор

Поврзани содржини

media-libraryb7nlifkbu0tg5n9fZhj

Паника на летот Дубаи–Тел Авив: Пилотите се степале, од авионот бил испратен сигнал за киднапирање

Свет | пред 18 часа

— реклама —
gaza2

Израелската армија го уби командантот на Хамас во воздушен напад врз Газа

Свет | пред 1 ден

netanjahu

Нетанјаху со предупредување пред изборите: „Нашите непријатели ќе се обидат да нè нападнат“

Свет | пред 1 ден

media-libraryuek42305l4ovf6Ps9bm

(Видео) „Сакам да те погубам“: Израелскиот министер му се закани на затвореник на Хамас

Свет | пред 2 дена

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања