Промени тема
Контакт
„Претрес“: Сведоштво за насилство што обвинителот не го гледа; Шемата за луксуз со социјална помош
„Претрес“: Сведоштво за насилство што обвинителот не го гледа; Шемата за луксуз со социјална помош

Израелски војници осудени на 30 дена затвор поради уништување на статуа на Исус

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 12 часа -

Свет
media-libraryfrerrsn15hq7eoDgaeN

Израелската армија казни двајца свои војници со по 30 дена затвор, откако еден од нив со малј уништил статуа на Исус во јужен Либан, а другиот го снимал инцидентот.

Настанот се случил во христијанското село Дебел, а видеото било објавено на социјалните мрежи на 19 април. Од Израелските одбранбени сили (ИДФ) информираа дека уништената статуа во меѓувреме е заменета со нова, во координација со локалната заедница.

— реклама —

Воената истрага утврдила дека покрај двајцата казнети, уште шест војници биле присутни, но не реагирале ниту го пријавиле случајот. Тие ќе бидат дополнително повикани на разговори, по што ќе се одлучува за евентуални мерки.

„Однесувањето на војниците целосно отстапува од наредбите и вредностите на ИДФ“, соопшти армијата, додавајќи дека станува збор за „неприфатливо однесување и морален пропуст“.

— реклама —

Случајот бил разгледан и од највисокото воено раководство, кое најави зајакнување на процедурите за однос кон верските објекти и симболи, со цел да се спречат слични инциденти во иднина.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели

Поврзани содржини

media-libraryjhe6bolsp47ve1ATXnV

Нов бран напади: Израелската армија соопшти дека уништила цели поврзани со иранската влада

Свет | пред 1 месец

— реклама —
media-libraryi5rddhrc03sb01N0mHt

(Видео) Израел депортира околу 170 активисти од хуманитарната флота, меѓу нив се Грета Тунберг и Србинот Огњен Марковиќ

Свет | пред 6 месеци

netanjahu

Убиен шефот на разузнавачката служба на Иранската револуционерна гарда

Свет | пред 10 месеци

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања