Промени тема
Контакт
Најнова епизода „Претрес“ на Андреј Петров: Го менуваат Филипче, го враќаат Бранко? А Македонија? Гледај на LANDOV.MK

Израелски војници убија седуммесечно бебе на Западниот Брег, родителите ранети во пукање

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 4 месеци -

Свет
media-libraryhkrekgtrqai51VYa866

Седуммесечно палестинско бебе загина, а неговите родители се ранети во пукање од страна на израелските сили во областа Тел Румејда, јужно од Хеброн на окупираниот Западен Брег, соопшти палестинското Министерство за здравство, пренесува Ројтерс.

— реклама —

Според соопштението, бебето Сам Фахд Абу Хајкал починало како последица на раните. Родителите биле погодени со куршуми и пренесени во болница, каде нивната состојба се оценува како средно тешка.

— реклама —

Бабата на детето изјавила дека семејството патувало со автомобил во близина на контролен пункт познат како „Checkpoint 17“, кога забележале израелски воени возила и војници. Тие застанале, по што се слушнале истрели за кои првично мислеле дека се предупредувачки.

Таа изјавила дека еден куршум го погодил бебето во лицето и главата, а ја погодил и мајката во образ. Додала дека таткото е повреден во прст, додека мајката се лекува во болница.

— реклама —

Од израелската војска соопштиле дека за време на операција во областа забележале возило кое, според нивната проценка, се движело со забрзување кон војниците. Наведуваат дека еден војник испукал неколку истрели кон возилото.

Во соопштението се потврдува дека три лица се ранети и дека случајот е под истрага, при што прелиминарните наоди укажуваат дека станува збор за цивили.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор

Поврзани содржини

netanjahu

Прелиминарни резултати во Израел: Блокот на Нетанјаху води со 57 мандати

Свет | пред 2 дена

— реклама —
media-libraryb4pgv2eeu4u32CwrZBr

Неизвесна изборна трка во Израел: Нетанјаху и Ајзенкот без убедлива победа

Свет | пред 2 дена

media-libraryq9eeifa1k76s89TNkbY

Излезноста во Израел достигна 55,7 отсто, поплавите го затворија патот кон Еилат

Свет | пред 3 дена

media-libraryb4pgv2eeu4u32CwrZBr

Израел гласа: Ќе остане ли Нетанјаху на власт или ќе дојде до политичка промена?

Свет | пред 3 дена

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања