Промени тема
Контакт
ВО ЖИВО ОД ОХРИД: Антонија Гиговска, Никола Станишиќ, градоначалникот Пецаков, музика,смеа,подароци
ВО ЖИВО ОД ОХРИД: Антонија Гиговска, Никола Станишиќ, градоначалникот Пецаков, музика,смеа,подароци

Израелскиот министер за надворешни работи: Хезболах се приклучи на војната под притисок од Иран

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 4 месеци -

Свет
izrael-vojska

Израелскиот министер за надворешни работи Гидеон Саар изјави дека во изминатата недела Израел бил цел на повеќе напади од либанското движење Хезболах отколку од Иран.

Саар соопшти дека во Западен Ерусалим се сретнал со специјалната координаторка на Обединетите нации за Либан, Жанин Хенис, при што разговарале за безбедносната состојба во регионот и за ескалацијата на конфликтот.

— реклама —

Тој изјави дека Хезболах се приклучил на војната по, како што тврди, притисок од Иран.

„Ја образложив нашата одлука овој пат да не ги евакуираме жителите од северните заедници и ја нагласив нашата посветеност да ги заштитиме. Истакнав дека распоредувањето војници во пограничната област е клучно за спречување евентуален упад на копнените сили на Хезболах и напади врз израелските граѓани и населени места“, изјави Саар.

— реклама —

Тој додаде дека слабеењето на Хезболах е заеднички интерес и за Израел и за Либан.

— реклама —

„Нагласив дека Хезболах го започна нападот врз нас и дека никој од меѓународната заедница не презема чекори да го запре, освен нас“, изјави израелскиот министер за надворешни работи.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели

Поврзани содржини

media-libraryo1d2c154dp434d5eiLf

Хезболах тврди дека нападнал израелски војници и воени возила во јужен Либан

Свет | пред 1 месец

media-libraryo1d2c154dp434d5eiLf

Хезболах го отфрли предлогот за прекин на огнот со Израел

Свет | пред 1 месец

departmentofstate

САД нудат 10 милиони долари за информации за финансиските мрежи на Хезболах

Свет | пред 2 месеци

media-libraryapn3sue4kmql3YvYIoX

Лидерот на Хезболах: Нема да прифатиме разоружување

Свет | пред 2 месеци

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања