Промени тема
Контакт
Најнова епизода Од „обид за убиство“ до врвот на СДСМ: „Претрес“ на Трифуновски за фештата, бегството, Алта Банка Гледај на LANDOV.MK

Израелските напади во Либан раселија над милион луѓе

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 7 месеци -

Свет
liban-1

Во Либан се развива хуманитарна криза од огромни размери поради израелските напади, со значителен број цивилни жртви и повеќе од милион раселени лица, покажуваат податоците на Project HOPE.

— реклама —

Хуманитарните работници во Бејрут предупредуваат на сериозен недостиг од чиста вода, хигиенски средства и основни лекови. „Работата е огромна. Штом ќе ги покриеме потребите во едно засолниште, веднаш се појавуваат нови“, изјави Рој Сајег, раководител на Project HOPE во Либан.

— реклама —

Организацијата обезбедува континуирана медицинска грижа, особено за постари лица и хронично болни пациенти, за кои прекинот на терапијата може да биде животозагрозувачки. „Еден од најголемите проблеми е прекинатиот пристап до клиники, што е критично за луѓето со хипертензија или дијабетес“, додаде Сајег во изјава за CNN.

— реклама —

Досега, мобилните медицински тимови обезбедиле бесплатна здравствена помош за повеќе од 1.200 лица, додека хигиенски пакети се доставени до околу 2.000 луѓе. Сепак, потребите на терен се далеку поголеми.

— реклама —

Според последниот извештај на Project HOPE, околу 136.000 луѓе живеат во пренатрупани засолништа. Либанското Министерство за здравство соопшти дека во израелските напади, насочени кон Хезболах, загинале најмалку 1.345 лица, а 4.040 се повредени.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор

Поврзани содржини

media-libraryb4pgv2eeu4u32CwrZBr

Израел: Мисијата во Иран не е завршена, подготвени сме за сите сценарија

Свет | пред 1 ден

— реклама —
Screenshot-2025-06-16-at-11.35.28

Израел се заканува со нови воени операции против Иран: „Мисијата сè уште не е завршена“

Свет | пред 1 ден

netanjahu

Крај на ерата на Нетанјаху? 67 пратеници го поддржаа неговиот ривал

Свет | пред 2 дена

netanjahu

Нетанјаху го оспорува изборниот резултат во Израел, тврди дека арапските партии ги украле изборите

Свет | пред 1 седмица

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања