Промени тема
Контакт

Извештајот на 'ТИ' го потврдува напредокот на државата во борбата против криминалот и корупцијата, децидни се од СДСМ

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 4 години -

Македонија
sdsm-funkcioneri

Владата предводена од СДСМ и надлежните институции, остварија сериозен напредок во борбата против криминалот и корупцијата.

Потврда за тоа е и Индексот на корупција на Транспаренси Интернешнл каде Република Северна Македонија има напредок од 24 места, што е е најдобро рангирање на нашата држава во последните шест години.

Се наоѓаме на 87 место со 39 индексни поени, во 2020 година бевме рангирани на 111 место со 35 индексни поени.

— реклама —

Во однос на регионот исто така имаме најголем напредок, а на листата на Транспаренси зад нас се Србија, Албанија, Босна и Херцеговина.

Во Извештајот на Транспаренси јасно се наведува дека гонењето функционери од власта е една од причините за напредок во борбата против корупцијата.

— реклама —

Ова, е показател за успешноста на мерките и политиките на Владата предводена од СДСМ пред се успешната реализација на Планот за борба против корупцијата и реформите во правосудството.

— реклама —

Напредокот на листата на Транспаренси Интернешнл е дополнителен мотив да продолжи процесот на реформи преку дигитализација на процесите за исклучување на човечкиот фактор во процесите, реформа на правосудството, зголемување на професионализацијата на институциите и јакнење на интегритетот на носителите на јавните функции.

Како одговорна, државотворна партија, преку Владата и институциите што ги предводи, СДСМ останува посветена на бескомпромисна и неселективна борба против секаков вид на корупција и криминал.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања