Промени тема
За нас
Загрозениот Груби, трагедијата во Карпош, дрога, газда Деко/Пулс, Грчец и Шеваљ-Претрес со Ѓурчески
Загрозениот Груби, трагедијата во Карпош, дрога, газда Деко/Пулс, Грчец и Шеваљ-Претрес со Ѓурчески

Извршена проверка на хидрантската мрежа во градинките и училиштата во Карпош

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 4 години -

Скопје
gradinka-2

По наредба на градоначалникот Стевчо Јакимовски извршена е проверка на хидрантската мрежа и противпожарната опрема во 12 градинки и 10 основни училишта на територија на општината од страна на Одделението за заштита и спасување, велат од општина Карпош.

— реклама —

„При проверката констатирано е дека сите ПП апарати се исправни и редовно сервисирани. Недостасувале 9 ПП црева и 3 млазници, кои во текот на истиот ден се обезбедени и доставени во објектите.

Што се однесува до хидрантската мрежа функционира секаде, но има недоволен притисок. Во две градинки воопшто нема хидрантска мрежа. Од тие причини, согласно законските прописи уште денеска се испорачани поголеми ПП апарати S-50 и S-100. Овие апарати согласно законот, ќе бидат замена или дополнување на хидрантската мрежа додека не се обезбеди соодветно техничко решение за функционирање на хидрантите со полн капацитет.

— реклама —

Оваа контрола и подготовка за зимата е направена согласно опасностите од евентуални пожари, а во таа насока веќе се вршат и обуки за ПП делување преку Дирекцијата за заштита и спасување“, се вели во соопштението.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања