Промени тема
Контакт

Се бара притвор: со шлаканици и закани ја натерал на сексуален однос по прекин на врската

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 10 месеци -

Македонија
media-libraryi3jf2rmth9944Z9v0SB
Скопје1.мк

Основното јавно обвинителство Гевгелија соопшти дека спроведува истражна постапка против едно лице осомничено за кривично дело – Полов напад и силување по член 186 став 3 во врска со став 1 од Кривичниот законик.

— реклама —

Според обвинителството, постои основано сомнение дека на 19 ноември осомничениот, со употреба на сила и спротивно на јасно изразената волја на жртвата, ја принудил на сексуален однос.

— реклама —

Истражните органи утврдиле дека осомничениот и оштетената претходно биле во подолга врска која таа ја прекинала. На денот на настанот, тој ја пречекал пред работното место и ја повикал да влезе во неговото возило под изговор дека сака да разговара со неа и да ја однесе дома.

— реклама —

Наместо тоа, ја одвезол по полски пат, каде во возилото ја удирал по лицето и ѝ се заканувал дека не смее да биде во врска со друг маж. Кога автомобилот запрел, оштетената се обидела да избега, но осомничениот со шлаканици и удари со тупаница ја вратил во возилото и ја принудил на сексуален однос, на кој таа постојано се спротивставувала.

Надлежниот јавен обвинител поднесе предлог до судијата на претходна постапка во Основниот суд Гевгелија за определување мерка притвор за осомничениот, поради опасност од бегство, можност за влијание врз оштетената и повторување на делото.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор

Поврзани содржини

semejno-nasilstvo

Сопруг ја претепал сопругата, таа претходно нападнала вработена во Охрид

Македонија | пред 2 месеци

— реклама —
media-library9rp5mfm93lu2eviHL9i

Родителите на деца што вршат врсничко насилство ќе плаќаат парични казни, вели Јаневска

Македонија | пред 3 месеци

media-libraryr42uqsjq5u3c99DNars

Родител влегол во училишен двор и нападнал дете по расправија меѓу ученици: го удирал со шлаканици и тупаници

Скопје | пред 4 месеци

media-libraryde5fptrt9iv26UVJsHt

Ја киднапирал и ја претепал девојката по матурска прослава: се бара притвор за 40-годишен битолчанец

Македонија | пред 4 месеци

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања