Маж од Велес, вработен во здравствена институција, е приведен откако нападнал повозрасна колешка.
-На 27.10.2025 во 15:30 часот, полициски службеници од СВР Велес го лишија од слобода М.П.(31) од Велес, постапувајќи по претходна пријава од 55-годишна велешанка дека на работното место во здравствена установа во Велес ја заклучил во една од просториите, кршел предмети, физички ја нападнал, ѝ се заканил со остар предмет и со средство за чистење ја испрскал во очите. Тој е задржан во полициска станица, известен е јавен обвинител и по документирање на настанот против него ќе биде поднесена соодветна пријава, се наведува во соопштението на МВР.
„Претрес“: Ексклузивно за соѕиданите 350000 евра кај родителите на судијата, „Пулс“ и звучните имиња
f9zEfbp_lw4
Ја заклучил во просторија, кршел предмети и ја испрскал со хемикалија: Велешанец нападнал колешка во здравствена установа
Автор:
Скопје1.мк
објавено пред 3 месеци -
Македонија
Скопје1.мк