Јакимовски е дециден: Нема да дозволам да се гради во Тафталиџе 1

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 4 години -

Скопје
jakimovski

По презентацијата на урбанистичките планови пред Советот на Општина Карпош и по шпекулациите во јавноста дека ќе има нова градежна експанзија во населбата Тафталиџе 1, градоначалникот на Карпош, Стевчо Јакимовски, денеска на социјалните мрежи вети дека во овој дел од општината нема да дозволи да се изгради ниту еден нов објект.

— реклама —

„Вистината е следна. Одговорно им тврдам на жителите на Тафталиџе 1 дека нема да се гради ниту еден објект на улиците Букурешка и Варшавска, иако се ставени во овие предлог планови кои ги гледавме во изминатиот период. Граѓаните треба да имаат доверба во својот градоначалник. Тоа што е ветено ќе биде и исполнето од моја страна. Во други делови, ќе пристапиме со огромна внимателност пред било што да треба да се прави затоа што пораката на граѓаните ни е јасна, а истовремено и нашите размислувања одат во таа насока. Поради тоа не треба никој да се плаши ниту да го брани Тафталиџе од мене“, вели Јакимовски во краткото видео објавено на неговата фејсбук-страница.

— реклама —

Во однос на реакциите во врска со објектот популарно наречен „Домче“ односно поранешниот објект на месната заедница во Тафталиџе, градоначалникот Јакимовски објасни дека станува збор за посериозен проблем во кој сопственикот на имотот, Социјалистичката партија на Македонија (СПМ), во моментот ја тужи општината затоа што претходниот градоначалник потпишал договор за комуналии кои биле уплатени од страна на сопственикот, а потоа не им издал градежна дозвола.

— реклама —

Поради тоа, СПМ сега бара отштета во висина од 200 милиони денари. Јакимовски вети дека ќе стори се да најде решение за „Домче“, заедно со граѓаните, во кое никој нема да биде оштетен.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања