Јакимовски контролирал во сабота наутро: Наместо да ги чистат улиците, ги најдов сите како седат на едно место

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 4 години -

Скопје
22424287_1418028691644293_4986373396640358901_o

Стевчо Јакимовски кој доби четврти мандат во Карпош како градоначалник, увидел на терен зошто општината е нечиста. Тој ги затекнал работниците како седат и не работат. Уверува дека тоа е причината бидејќи улиците се отпадоци.

— реклама —

„Утрово бев во вонредна контрола на службата задолжена за чистење на улиците и одржување на хигиената на општината. Од тоа што го затекнав на терен ми стана јасно зошто Карпош беше толку нечист и запуштен во овие изминати четири години. Наместо да ги чистат улиците, ги најдов сите како седат на едно место и ништо не работат. Нема да дозволам општинската администрација да се однесува неодговорно кон работата и кон своите сограѓани. Заврши времето на неработење во Општината. Во моментов во Карпош задолжени за хигиената се 118 вработени, а Карпош никогаш не бил понечист. Во предизборната кампања ветив дека Карпош повторно ќе го врати својот сјај и имам намера да го исполнам тоа. Карпош повторно ќе биде чист, улиците повторно ќе бидат уредни и средени!“, напиша Јакимовски.

— реклама —

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања