Промени тема
Контакт
Претрес на Слаткар: За Владо Јаневски, „предавник“ „платеник“, концертот на Илинден, филмот, животот
Претрес на Слаткар: За Владо Јаневски, „предавник“ „платеник“, концертот на Илинден, филмот, животот

Јакимовски на средба со ЈП Комунална хигиена: Координирано ќе ја одржуваме хигиената во интерес на граѓаните

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 4 години -

Скопје
274113214_487972469381855_4288833770120006228_n

Градоначалникот на Карпош, Стевче Јакимовски, на социјалните мрежи објави дека На барање на раководителот на ЈП Комунална хигиена-Скопје денеска остварил средба со тим од претпријатието

„На барање на раководителот на ЈП Комунална хигиена-Скопје денеска е остварив средба со тим од претпријатието, при што е договорено во периодот што претстои Општина Карпош и ЈП Комунална хигиена-Скопје координирано да ја одржуваат хигиената во интерес на граѓаните.

— реклама —

Заеднички е констатирано дека хигиената во Општина Карпош во голема мера е подобрена од пред три месеци, како и дека граѓаните на Карпош заслужуваат хигиена на високо ниво имајќи го предвид високиот степен на наплата за оваа услуга“, вели Јакимовски.

Претходно градоналаникот на социјалните мрежи објави видео кое го направил додека бил во обиколка на општината. Тој изјави дека граѓаните на Карпош се потценети од страна на ЈП Комунална Хигиена.

— реклама —

„Лично направив кратка обиколка на главните улици во Карпош и го снимив ова видео за да се уверат граѓаните на Карпош како се потценети од страна на ЈП Комунална хигиена- Скопје иако имаат најголем процент на наплата токму од нашите 24 илјади домаќинства кои живеат на територија на Карпош.

— реклама —

Повторувам не бараме нашата работа да ја работи никој, но во исто време нема ние да ја работиме нивната работа“, стои во описот на видеото.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања