Јакимовски порача: Не им се плашиме, ќе ги тепаме

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 6 години -

stevce-jakimovski

„Не им се плашиме, ќе ги тепаме“, порача денес од пред суд ексградоначалникот на општина Карпош и лидер на партијата ГРОМ, Стевчо Јакимовски, при излез од старата во новата зграда на Кривичниот суд во придружба на полицијата. Тој качувајќи се по скалите покажа два прста и извика: „Ќе ги тепаме, не им се плашиме",

— реклама —

Јакимовски утрово беше уапсен и изведен пред судија на претходна постапка.

Обвинителството за гонење на организиран криминал и корупција за него побара мерка притвор, и тој во судот ја чека одлуката.

— реклама —

Јакимовски се товари за злоупотреба на службена положба, во постапка која ја отпочнало Основното јавно обвинителство. Постапката која ја води ОЈО се оеднесува на легализација на државно земјиште, кое бизнисмени го откупиле за пониска цена од реалната. Проневерата предизвикала штета од милион евра, а за ваквата последица Обвинителството го сомничи Јакимовски.

Ова е второ приведување на Јакимовски. Тој минатото лето беше приведен и однесен во судот поради истрага на финансиската полиција, а судијата донесе одлука да му се одземе пасошот.

Јакимовски е осомничен и во истрага на Специјалното јавно обвинителство под кодно име „Хармонија“.

 

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели

Поврзани содржини

sudija

Судија од гостиварска Апелација добивал закани по телефон, заканувачот ќе одговара кривично

Македонија | пред 3 години

bukvi

5 мај - Ден на македонскиот јазик и азбука

Македонија | пред 6 години

boki-13-reket

Видео и аудио од моментот кога Боки 13 и Зоки Кичеец ги земаат парите од Орце Камчев

Македонија | пред 6 години

NEFI-960x540

Обинителството и Полицијата влегоа во фирмите на Нефи Усеини

Македонија | пред 6 години

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања