Промени тема
Контакт
Претрес на Слаткар: За Владо Јаневски, „предавник“ „платеник“, концертот на Илинден, филмот, животот
Претрес на Слаткар: За Владо Јаневски, „предавник“ „платеник“, концертот на Илинден, филмот, животот

Јамал испиша историја на Мундијалот, влезе меѓу најмладите стрелци на сите времиња

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 3 седмици -

Спорт
media-librarydmbmu48inl3pchnC8zs

На Ламин Јамал му беа потребни само десет минути за да се запише меѓу стрелците на својот прв натпревар на Светско првенство.

— реклама —

Фудбалерот на ФК Барселона не настапи на првиот натпревар, но веќе во вториот покажа колку е опасен пред противничкиот гол.

— реклама —

Покрај тоа што ја доведе Шпанија во водство и го постигна својот прв погодок на мундијалските натпревари, Јамал се искачи високо и на листата на најмлади стрелци во историјата на Светските првенства.

Со 18 години и 343 дена, Јамал сега е осмиот најмлад голгетер во историјата на Мундијалите.

— реклама —

Пред него се само легендарниот Пеле, кој својот прв погодок го постигнал на 17 години и 239 дена, Мексиканецот Мануел Росас, неговиот клупски и репрезентативен колега Гави, како и Мајкл Овен, Николае Ковач и Дмитриј Сичов.

— реклама —

Јамал веќе го држи рекордот како најмлад стрелец во историјата на Европските првенства. Тој имаше само 16 години и 362 дена кога постигна гол на континенталниот шампионат пред две години.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања