ВО ЖИВО

Претрес: Од бранител до затвореник – Трајковски за притисоците, 27 април и системот што крши луѓе

Јанакиевски во првото деноноќие претепан - Се подготвуваше ли навистина ликвидација на екс премиерот Груевски?

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 6 години -

Миле Јанакиески и Спиро Ристовски, кои од вчера се во затворот во Шутка, а на кои им беше одреден 30дневен притвор за организација на 27 април, денеска биле нападнати од еден од членовите на кумановската група, кој е осуден за нападот во кумановското „Диво насеље“. Ристовски е со помали повреди, а Јанакиески бил префрлен во болницата „8. Септември“ поради скршеници.

— реклама —

По оваа вест се наметнуваат две прашања, колку се безбедни македонските затвори? Но и дали овој инцидент на некој начин најави дека се реализира уште една од најавите на екс премиерот. Имено веднаш откако тој пребега во Унгарија побара азил, на прашањето зошто избега, Груевски на Фб на 20 ти ноември 2018 напиша:

„Некој може да ме сака или да не ме сака, да се согласува или да не се согласува со мене, да смета дека водам добри или лоши политики, но неможе да го негира или да ги затвори очите пред она што се случува во Македонија во овој период а кое го опишувам. Јас одлучив да не ја исполнам желбата на СДСМ, додека тие ја разграбуваат и распродаваат државата и националните интереси да седам затворен со политичка одлука и секојдневно да се борам за преживување во затворот, за каде добив сознание дека ми се подготвува ликвидација, пишува Груевски“.

— реклама —

Се подготвуваше ли навистина ликвидација на екс премиерот, Никола Груевски?

Инаку поранешниот премиер Никола Груевски е осуден на две години затвор за влијание МВР да купи блиндиран луксузен мерцедес од 600 илјади евра од пари на полицијата, по негова лична желба. Освен за веќе отпочнатиот судски процес „Насилство“, поранешниот премиер и лидер на ВМРО-ДПМНЕ, Никола Груевски, е обвинет во четири случаи на Специјалното јавно обвинителство, „Титаник“ за изборните измами, „ТНТ“ за уривањето на објектот „Космос“ на Фијат Цановски, „Траекторија“ за изградбата на автопатиштата.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели

Поврзани содржини

sudija

Судија од гостиварска Апелација добивал закани по телефон, заканувачот ќе одговара кривично

Македонија | пред 3 години

bukvi

5 мај - Ден на македонскиот јазик и азбука

Македонија | пред 6 години

boki-13-reket

Видео и аудио од моментот кога Боки 13 и Зоки Кичеец ги земаат парите од Орце Камчев

Македонија | пред 6 години

NEFI-960x540

Обинителството и Полицијата влегоа во фирмите на Нефи Усеини

Македонија | пред 6 години

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања