Градоначалникот на Кавадарци, Митко Јанчев на социјалните мрежи објави дека зимската служба интервенира на патиштата во горните планински села.
„Зимската служба ангажирана од општина Кавадарци интервенира на локалните патишта во горните планински села со чистење на снежната покривка и посолување со сол и ризла.
Согласно информациите од УХМР апелираме до граѓаните да избегнуваат непотребно движење во планинските предели бидејќи во четврток ќе има засилен северен ветер и ниски температури“, вели градоначалникот Јанчев