„Претрес“ на Драги Книга: Груевски, Арсовска, Заев... поврзаност на политиката, бизнисот, подземјето
kz2fiBoVvcg

Јанчев за „Скопје1“: Во ВМРО ДПМНЕ нема простор за различно мислење

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 7 години -

Македонија
mitko-janev

Митко Јанчев, досегашен Потпретседател на ВМРО ДПМНЕ кој од вечерва е во процес на исклучување од партијата, за „Скопје 1“ вели дека овој како што го нарекува неосновани обвинувања нема да го направат помалку вмровец и дека ќе се мотив да продолжи со уште поуспешно вршење на функцијата Градоначалник на Кавадарци.

— реклама —

Во писмениот одговор стои:

„По предлог на Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ г-дин Христијан Мицковски на вчерашниот ЦК бев разрешен од функцијата потпретседател. Живееме во време кога светот прогресивно оди напред во секое поле. Време во кое акцентот го ставаме на демократијата и слободното размислување. Неоснованите обвинувања на вчерашната прес-конференција на ВМРО-ДПМНЕ по завршувањето на ЦК беа маска за неспособноста за прифаќање на различни ставови и покажаа дека нема место за неостомисленици во врвот на ВМРО-ДПМНЕ.

— реклама —

Овие обвинувања како и симнувањето од функцијата потпретседател нема да ме направат помалку вмровец“ - вели Јанчев и додава:

„Очигледно ВМРО-ДПМНЕ не е подготвено да оди напред и да стане една модерна и демократска партија, напротив многу круто и агресивно ги "чисти" оние чии перцепции се насочени кон една таква модерна партија. Како Градоначлник на Општина Кавадарци од редовите на ВМРО-ДПМНЕ уште поуспешно ќе ја извршувам оваа функција, а за моето успешно менаџирање со општината сведочи скоро цела една година со голем број реализирани проекти, проекти кои се во тек и средување на општината и водење кон целта Кавадарци на прво место“ - стои во писмената изјава на Митрко Јанчев испратена до „Скопје1“.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели

Поврзани содржини

sudija

Судија од гостиварска Апелација добивал закани по телефон, заканувачот ќе одговара кривично

Македонија | пред 3 години

bukvi

5 мај - Ден на македонскиот јазик и азбука

Македонија | пред 5 години

boki-13-reket

Видео и аудио од моментот кога Боки 13 и Зоки Кичеец ги земаат парите од Орце Камчев

Македонија | пред 6 години

NEFI-960x540

Обинителството и Полицијата влегоа во фирмите на Нефи Усеини

Македонија | пред 6 години

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања