Промени тема
Контакт
Најнова епизода „Претрес“ на Андреј Петров: Го менуваат Филипче, го враќаат Бранко? А Македонија? Гледај на LANDOV.MK

Јанчев: Заеднички Бадников ручек за сите граѓани на Кавадарци на 6 јануари

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 9 месеци -

Македонија
media-libraryh2l8qr3cvol00pViS1j

Градоначалникот на Кавадарци, Митко Јанчев, преку објава на социјалните мрежи информираше дека и оваа година ќе се одржи традиционалниот Заеднички Бадников ручек, кој по петти пат ќе ги обедини граѓаните во празничен дух.

— реклама —

Настанот ќе се одржи на 6 јануари (вторник), со почеток во 11:00 часот, на Градскиот плоштад во Кавадарци, каде што сите граѓани ќе имаат можност да споделат топол оброк и да ја почувствуваат бадниковата атмосфера на заедништво и солидарност.

— реклама —

„Најубавите празници се оние што се споделуваат“, порача Јанчев, нагласувајќи дека целта на настанот е Бадник да се дочека заедно, со трпеза, дружење и насмевки.

— реклама —

Заедничкиот Бадников ручек е во организација на Општина Кавадарци, во соработка со општествено одговорни компании. За подготовка на храната и празничното расположение ќе се погрижат шеф Горан Филипов и неговите колеги, реномирани професионални готвачи од Македонија.

Од општината упатуваат отворена покана до сите граѓани да присуствуваат на настанот и заедно да го одбележат Бадник, испраќајќи порака дека Кавадарци обединува со хуманост.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор

Поврзани содржини

media-libraryb7q6pbsudvp59wTvOWe

Во училишните дворови во Кавадарци поставени контејнери за текстилен и електронски отпад

Македонија | пред 2 дена

— реклама —
media-libraryund8l8aj0d9ffZ9yMt9

Општина Кавадарци осветлена во розово во знак на поддршка на кампањата „Розов октомври“

Македонија | пред 3 дена

media-librarypd0ds82nggql4tWvIkt

Нов спортски под, осветлување и греење – спортската сала во кавадаречката гимназија добива нов изглед

Македонија | пред 3 дена

media-libraryu91o4ipl2b3t1nqqQIy

(Видео) Го спасиле коњот од изнемоштеност, но повторно го земале истите лица - активисти од Кавадарци бараат институционална реакција

Македонија | пред 6 дена

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања