Промени тема
Контакт

КАВАДАРЦИ

media-library049h3166ioj94ijYfR1

Граѓанка го ослободила од каишите и му дала вода, институциите го одзеле – спасен коњот во Кавадарци

Коњот кој во тешка состојба се струполи на улица во Кавадарци, а за кој активистите за заштита на животните алармираа дека бил изложен на малтретирање, е одземен од сопствениците и заштитен од натамошно насилство. Информацијата ја соопшти градоначалникот на Кавадарци, Митко Јанчев, откако случајот предизвика бурни реакции во јавноста.„Спасен коњот во Кавадарци – хуманоста се покажува со дела“, објави Јанчев, потврдувајќи дека по интервенцијата на надлежните институции животното повеќе не е кај л

Македонија | пред 2 дена

media-libraryb7q6pbsudvp59wTvOWe

Во училишните дворови во Кавадарци поставени контејнери за текстилен и електронски отпад

Во основните училишта на територијата на Општина Кавадарци се поставени специјализирани контејнери за одлагање текстилен и електронски отпад, со цел да се поттикне правилното селектирање и да се подигне еколошката свест кај учениците и граѓаните.Градоначалникот на Кавадарци, Митко Јанчев, посочи дека активноста има и едукативна улога, поттикнувајќи одговорни навики за заштита на животната средина.Старите алишта и електронските уреди што повеќе не се користат не треба да завршуваат во обичниот ко

Македонија | пред 2 дена

media-libraryund8l8aj0d9ffZ9yMt9

Општина Кавадарци осветлена во розово во знак на поддршка на кампањата „Розов октомври“

Зградата на Општина Кавадарци е осветлена во розова боја во знак на поддршка на кампањата „Розов октомври“, посветена на подигнување на свеста за ракот на дојка и грижата за женското здравје.Градоначалникот на Кавадарци, Митко Јанчев, преку објава на социјалните мрежи ја сподели пораката за важноста на превенцијата, редовните здравствени прегледи и раното откривање на болеста.Со овој симболичен гест, Општина Кавадарци испраќа порака на поддршка и солидарност со сите жени кои се соочуваат со рако

Македонија | пред 3 дена

media-librarypd0ds82nggql4tWvIkt

Нов спортски под, осветлување и греење – спортската сала во кавадаречката гимназија добива нов изглед

Реконструкцијата на спортската сала во СОУ Гимназија „Добри Даскалов“ во Кавадарци влегува во завршна фаза, информираше градоначалникот Митко Јанчев. За обновата на спортскиот објект Општина Кавадарци инвестира 4,2 милиони денари.Според Јанчев, градежните активности се одвиваат согласно предвидената динамика, а со реконструкцијата салата добива современ и функционален изглед, со подобрени услови за одржување на наставата по физичко образование и спортските активности.Проектот опфаќа поставување

Македонија | пред 3 дена

media-libraryu91o4ipl2b3t1nqqQIy

(Видео) Го спасиле коњот од изнемоштеност, но повторно го земале истите лица - активисти од Кавадарци бараат институционална реакција

Коњот кој, според сведоштвата на активистите, бил изложен на малтретирање и во тешка состојба паднал на улица во Кавадарци, повторно бил земен од лицата кои претходно го користеле, иако по интервенцијата требало да биде згрижен на друга локација. Ова го соопшти здружението за заштита на животните „Лина“, кое најавува дека ќе продолжи да бара институционална реакција за случајот.Од здружението тврдат дека животното било крајно истоштено, гладно и жедно, без соодветна грижа, а немало ниту потковиц

Македонија | пред 6 дена

media-librarytldsdk697on15WqjvG5

(Видео) Вознемирувачка глетка во Кавадарци, сведочење: Коњ лежи на земја, со насилство се обидувале да го кренат

Вознемирувачка глетка во Кавадарци, каде што коњ бил затекнат паднат на земја и заплеткан во каиши, а според објавата на здружението „Лина – служба за спасување животни“, врз животното било применувано насилство во обид да се исправи.Од здружението алармираат за состојбата со благосостојбата на животните во градот, оценувајќи дека таа е загрижувачка.„Благосостојбата на коњите и општо животните во нашиот град е во ужасна состојба. Глетката е жална – паднат коњ, преплетен со каиши, со начин на нас

Македонија | пред 1 седмица

media-libraryccgr0698uvf32KyciA0

Кавадарци во боите на македонското знаме – Јанчев најави нова традиција за државните празници

Општинската зграда во Кавадарци е осветлена во црвена и жолта боја, симболично претставувајќи го македонското знаме, по повод 23 Октомври – Денот на македонската револуционерна борба.Градоначалникот на Кавадарци, Митко Јанчев, објави дека станува збор за симболичен гест со кој се оддава почит на македонските револуционери и нивниот придонес во создавањето на македонската државност.„Со овој симболичен гест оддаваме почит кон храброста, пожртвуваноста и непокорниот дух на македонските револуционер

Македонија | пред 1 седмица

media-libraryquoe7n0vgjj67HAMdEK

Нов потпорен ѕид во училиштето „Страшо Пинџур“ во Дреново

Во подрачното основно училиште „Страшо Пинџур“ во селото Дреново, Кавадаречко, изграден е нов потпорен ѕид поради обрушување на делови од претходниот, информираше градоначалникот на Кавадарци, Митко Јанчев.Со градежните активности, реализирани од Општина Кавадарци, се зајакнува стабилноста на училишниот двор и се спречува понатамошно обрушување. Со тоа се создаваат побезбедни услови за учениците, наставниците и сите што го користат просторот.Од Општина Кавадарци посочуваат дека продолжуваат со в

Македонија | пред 1 седмица

media-libraryjld1tm3o909mevLxWyj

При крај изградбата на Дневниот центар за лица со попреченост во Кавадарци, инвестицијата над 40 милиони денари

Изградбата на Дневниот центар за лица со телесна или ментална попреченост во Кавадарци е во завршна фаза, информира градоначалникот на општината, Митко Јанчев.Паралелно со завршните градежни активности, се работи и на партерното уредување на просторот околу објектот, со цел да се обезбеди уредна, пристапна и функционална средина за идните корисници.Според информациите објавени од Јанчев, Дневниот центар ќе има капацитет за 40 корисници, а вкупната проценета вредност на проектот изнесува 40.856.9

Македонија | пред 1 седмица

media-librarybt77b2i63ntf6yFojVf

Заврши реконструкцијата на главниот водовод кон Сопот, инвестицијата вреди 37 милиони денари

Заврши реконструкцијата на главната водоводна линија од селото Сопот до Западен булевар, информира градоначалникот на Кавадарци, Митко Јанчев.Со проектот се реконструирани 4.900 метри водоводна линија, при што се вградени нови дуктилни цевки со профил Ф100. Вкупната вредност на инвестицијата изнесува 37 милиони денари, а средствата се обезбедени од Министерството за транспорт.Реализацијата на проектот треба да овозможи постабилно и долгорочно водоснабдување за жителите на Сопот.

Македонија | пред 1 седмица

media-libraryhp0q1d63vj81ecL219J

Кавадарци ќе добие дом за стари лица со капацитет за 57 лица, најави градоначалникот Јанчев

Потпишан е договорот за изградба на јавна општинска установа за вонсемејна социјална заштита на стари лица во Кавадарци, со што проектот влегува во фаза на реализација, информира градоначалникот Митко Јанчев.Новата установа ќе има капацитет за 57 лица и ќе се простира на површина од 3.365,1 квадратни метри. Вкупната вредност на договорот изнесува 154.927.746 денари.Од вкупната сума, 149.489.782,12 денари се обезбедени од Министерството за социјална политика, демографија и млади, додека Општина К

Македонија | пред 3 седмици

media-librarym19nkt960qt82nIsMag

Затворениот базен во Кавадарци добива топлотни пумпи и нова опрема

Затворениот базен во Кавадарци постепено ги добива потребните системи и опрема за да биде целосно функционален, информира градоначалникот на Кавадарци, Митко Јанчев.Како што објави Јанчев, поставени се топлотните пумпи, а во тек е опремувањето со останатата техничка опрема потребна за современ затворен базен.Станува збор за системи за греење и одржување на температурата, како и друга опрема неопходна за функционирање на објектот.„Чекор по чекор, објектот се подготвува за својата намена – спорт,

Македонија | пред 3 седмици

media-library5tstqi3usn468uCyr23

Започна изградбата на новиот Младински културен центар во Кавадарци

Локацијата во Кавадарци, која од 1979 година стоела напуштена и нереализирана, конечно ќе добие нова намена. Општина Кавадарци преку јавен повик и партнерство со соинвеститор започна со изградба на нов деловен објект, во кој на површина од околу 800 квадратни метри ќе биде сместен Младински културен центар.Општината ќе го добие просторот на вториот кат од објектот, со посебен влез и лифтови, по принципот „клуч на рака“ и без дополнителни финансиски вложувања од општинскиот буџет.Градоначалникот

Македонија | пред 4 седмици

media-librarycmvsq0ba93h37lY6OZS

Над 2,2 милиони денари за поддршка на првачиња и успешни ученици во Кавадарци

Во тек е исплатата на планираните финансиски средства за поддршка на првачињата, менторите и наградените ученици во Кавадарци, информира градоначалникот Митко Јанчев.За првачињата за учебната 2026/2027 година, по претходно поднесено барање, предвидени се вкупно 702.000 денари.Дополнително, во тек е исплатата на 653.268 денари наменети за менторите, како и 856.581 денар за наградените ученици за учебната 2026 година.Вкупната вредност на средствата што се исплаќаат по овие три основи изнесува 2.21

Македонија | пред 1 месец

media-library4kal5ihud5ch0QjEBMS

Кавадарци добива нови атмосферски линии, се решаваат проблемите со задржувањето на дождовницата

ЈП „Комуналец“ Кавадарци продолжува со активности за подобрување на системот за одведување на атмосферските води и решавање на проблематичните точки во градот.На Западен булевар се гради нова атмосферска линија во должина од 120 метри, со коругирани цевки Ф500, со што треба да се надмине долгогодишниот проблем со задржувањето на атмосферските води.Паралелно, на улицата „Диме Туриманџов“ се поставуваат нови атмосферски линии и сливни решетки, кои ќе овозможат подобро прифаќање и одведување на вод

Македонија | пред 1 месец

media-librarytvg0urs68s8tdUOSH5K

Три лица спасени од надојдената Црна Река кај Кавадарци, за кратко време водата надојде над два метра

Три лица биле доведени во опасност откако нагло се зголемило нивото на Црна Река кај Кавадарци, по испуштањето вода од ХЕЦ „Тиквеш“.Лицата во моментот се наоѓале под мостот, во речното корито, но по зголемувањето на нивото на водата за повеќе од два метра успеале да се искачат на бетонскиот дел од мостот.На местото пристигнале екипи на ТППЕ Кавадарци, кои со брза и професионална интервенција успешно ги извлекле трите лица и ги префрлиле на безбедно место.За среќа, во настанот нема повредени.Благ

Македонија | пред 1 месец

media-library7doi7ms03pn554l8aF0

На 25 септември, музичка вечер во чест на Никола Бадев: 50 години од смртта на легендарниот пејач

Кавадарци ќе одбележи 50 години од смртта на еден од најголемите интерпретатори на македонската народна песна, Никола Бадев.Информацијата ја објави градоначалникот на Кавадарци, Митко Јанчев, кој најави дека на 25 септември во Домот на културата „Иван Мазов-Климе“ ќе се одржи пригодна музичка програма посветена на големиот македонски пејач.Никола Бадев е роден во кавадаречкото село Глишиќ, а со својот препознатлив глас и специфичната интерпретација остави траен белег во македонската музичка трад

Македонија | пред 1 месец

media-library8t76u9u20e2m3BxgkNI

Нов европски предизвик за ГРК „Тиквеш“: Кавадаречкиот клуб викендов против „Handball Esch“

Градоначалникот на Кавадарци, Митко Јанчев, оствари средба со раководството и ракометарите на ГРК „Тиквеш 2014“, посветена на почетокот на новата сезона, тековните активности и идниот развој на ракометот и спортот во градот.На средбата беше истакнат успехот на кавадаречкиот клуб, кој четврта година по ред ја претставува Македонија на европската сцена. Нов европски предизвик за „Тиквеш“ следува овој викенд, кога во рамките на ЕХФ Европскиот куп ќе ги одмери силите со освојувачот на Купот на Луксе

Македонија | пред 1 месец

media-libraryhp0q1d63vj81ecL219J

Пуштен во употреба новиот кружен тек на Северен Булевар во Кавадарци

Кавадарци доби ново сообраќајно решение на Северен Булевар, во непосредна близина на објектот на Lidl. Новиот кружен тек денеска беше пуштен во употреба, со што се очекува да се подобри сообраќајната поврзаност и да се овозможи побезбедно и полесно движење во овој дел од градот.Инфраструктурниот проект е реализиран преку соработка меѓу Општина Кавадарци и Lidl, со поддршка и ангажман на локални компании.На пуштањето во употреба свои изјави за медиумите дадоа градоначалникот на Кавадарци, Митко Ј

Македонија | пред 1 месец

zakani

(Видео) По 25 септември ќе се проверуваат штетите на лозовите насади, најави Јанчев

Градоначалникот на Кавадарци, Митко Јанчев, денеска од терен порача дека институциите се активно вклучени во следењето на откупот на грозјето и состојбата со лозарите и винарите.Јанчев посочи дека во изминатите 21 ден континуирано се разговарало со лозарите, винарите и откупните пунктови, а денеска заедно со министерот за земјоделство и шумарство биле на терен и директно ја следеле состојбата.„Целиот Вранец кој е здрав и во добра кондиција ќе биде откупен. Исто така, Смедеревката, која има уште

Македонија | пред 1 месец

media-libraryjsmq3r65hn5b167qH0q

Кавадаречки Дол добива ново уредување, се гради таложник

Во Кавадаречки Дол интензивно продолжуваат градежните активности, а во моментов се работи на изградба на таложник, со што ќе се заокружат досегашните работи, информира градоначалникот на Кавадарци, Митко Јанчев.Кавадаречки Дол е дел од проектот „Справување со загадувањето“, кој Општина Кавадарци веќе две години го спроведува во соработка со УНДП.Со проектот е предвидено озеленување на површина од 15.000 квадратни метри, како и покривање на Кавадаречки Дол во должина од 760 метри.По реализацијата

Македонија | пред 1 месец

media-library5d8jsruugr3v7gU2R4u

(Видео) Вандализирана автобуска постојка во Кавадарци, сторителот е пронајден

Градоначалникот на Кавадарци, Митко Јанчев, на својот профил на социјалните мрежи објави дека е регистриран случај на вандализирање на автобуска постојка на територијата на Општина Кавадарци.Јанчев информира дека лицето кое го сторило делото е пронајдено, а се очекува надлежните институции да постапат согласно законските прописи.Тој упати апел до сите граѓани да го чуваат заедничкиот имот и јавните површини, нагласувајќи дека секое оштетување на клупа, автобуска постојка или друг јавен објект пр

Македонија | пред 1 месец

media-libraryckg17svh8agt3VhP3Qm

Нови спортски содржини во Кавадарци: Се гради објект со куглана, гимнастичка сала и седум апартмани

Градежните активности на новиот спортски објект во рамки на Спортскиот центар „Јасмин“ во Кавадарци се одвиваат со засилено темпо, а објектот постепено го добива својот конечен изглед.Проектот опфаќа изградба на објект со основа од 1.000 квадратни метри, кој ќе има подрум, приземје и кат. Во него се предвидени куглана, сала за гимнастика, како и седум апартмани наменети за сместување на спортисти.Вкупната вредност на инвестицијата изнесува 118 милиони денари, а средствата се обезбедени во целост

Македонија | пред 1 месец

media-libraryl026h00uh1pv9MlQ3KV

Нов кружен тек на Северен булевар во Кавадарци

На Северен булевар во Кавадарци се реализира проект за изградба на нов кружен тек, на вкупна површина од 5.300 квадратни метри, информира градоначалникот Митко Јанчев.„Продолжуваме со реализација на значајни инфраструктурни проекти кои носат подобра сообраќајна поврзаност, поголема безбедност и поквалитетна урбана средина“, објави Јанчев.Тој упати благодарност до „Лидл“ за донацијата и поддршката во реализацијата на проектот, нагласувајќи дека со заеднички ангажман се создаваат подобри услови за

Македонија | пред 1 месец

media-libraryhhle5026cpi3cWVDnkM

Крај на сезоната за Градскиот базен во Кавадарци

Градскиот базен во Кавадарци официјално ја завршува работната сезона за оваа година, информираше градоначалникот Митко Јанчев.Со тоа завршува уште една летна сезона на базенот, кој во изминатиот период беше место за одмор и рекреација на кавадарчани.

Македонија | пред 1 месец

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања