Промени тема
Контакт
Најнова епизода Стефан Николовски на „Претрес“: Тони, Тино, Атанас, Љутков, политичарите и „тајните“ зад сцената! Гледај на LANDOV.MK

Нов спортски под, осветлување и греење – спортската сала во кавадаречката гимназија добива нов изглед

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 1 час -

Македонија
media-librarypd0ds82nggql4tWvIkt

Реконструкцијата на спортската сала во СОУ Гимназија „Добри Даскалов“ во Кавадарци влегува во завршна фаза, информираше градоначалникот Митко Јанчев. За обновата на спортскиот објект Општина Кавадарци инвестира 4,2 милиони денари.

Според Јанчев, градежните активности се одвиваат согласно предвидената динамика, а со реконструкцијата салата добива современ и функционален изглед, со подобрени услови за одржување на наставата по физичко образование и спортските активности.

— реклама —

Проектот опфаќа поставување нов спортски под, уредување на ѕидните површини и модернизација на осветлувањето. Предвидено е и подобрување на системите за греење и вентилација, како и на противпожарната заштита.

— реклама —
— реклама —

Со овие зафати, како што посочува градоначалникот, треба да се обезбедат побезбедни и поудобни услови за учениците и за користење на спортскиот простор.

„Со инвестиција од 4.200.000 денари, Општина Кавадарци продолжува да вложува во подобрување на училишната и спортската инфраструктура, ставајќи ги потребите на учениците во преден план“, соопшти Јанчев.

Тој оценува дека реконструкцијата претставува уште еден чекор кон подобрување на училишната средина и создавање повеќе можности за спорт и физичка активност кај младите.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор

Поврзани содржини

media-libraryu91o4ipl2b3t1nqqQIy

(Видео) Го спасиле коњот од изнемоштеност, но повторно го земале истите лица - активисти од Кавадарци бараат институционална реакција

Македонија | пред 3 дена

— реклама —
media-librarytldsdk697on15WqjvG5

(Видео) Вознемирувачка глетка во Кавадарци, сведочење: Коњ лежи на земја, со насилство се обидувале да го кренат

Македонија | пред 3 дена

media-libraryccgr0698uvf32KyciA0

Кавадарци во боите на македонското знаме – Јанчев најави нова традиција за државните празници

Македонија | пред 3 дена

media-libraryquoe7n0vgjj67HAMdEK

Нов потпорен ѕид во училиштето „Страшо Пинџур“ во Дреново

Македонија | пред 5 дена

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања