Промени тема
Контакт
Најнова епизода Стефан Николовски на „Претрес“: Тони, Тино, Атанас, Љутков, политичарите и „тајните“ зад сцената! Гледај на LANDOV.MK

Општина Кавадарци осветлена во розово во знак на поддршка на кампањата „Розов октомври“

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 1 час -

Македонија
media-libraryund8l8aj0d9ffZ9yMt9

Зградата на Општина Кавадарци е осветлена во розова боја во знак на поддршка на кампањата „Розов октомври“, посветена на подигнување на свеста за ракот на дојка и грижата за женското здравје.

— реклама —

Градоначалникот на Кавадарци, Митко Јанчев, преку објава на социјалните мрежи ја сподели пораката за важноста на превенцијата, редовните здравствени прегледи и раното откривање на болеста.

— реклама —

Со овој симболичен гест, Општина Кавадарци испраќа порака на поддршка и солидарност со сите жени кои се соочуваат со ракот на дојка, но и повик до граѓаните за поголема информираност и грижа за сопственото здравје.

Розовата боја, препознатлив симбол на оваа кампања, претставува надеж, храброст и поддршка за жените кои се борат со болеста.

— реклама —

„Заедно ја шириме свеста, затоа што раното откривање спасува животи!“, се наведува во пораката споделена од градоначалникот Јанчев.

Кампањата „Розов октомври“ секоја година потсетува дека навремените прегледи и раното откривање се важни во борбата против ракот на дојка, а поддршката од институциите и заедницата придонесува за поголема јавна свест за ова сериозно здравствено прашање.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор

Поврзани содржини

media-librarypd0ds82nggql4tWvIkt

Нов спортски под, осветлување и греење – спортската сала во кавадаречката гимназија добива нов изглед

Македонија | пред 10 часа

— реклама —
media-libraryu91o4ipl2b3t1nqqQIy

(Видео) Го спасиле коњот од изнемоштеност, но повторно го земале истите лица - активисти од Кавадарци бараат институционална реакција

Македонија | пред 3 дена

media-librarytldsdk697on15WqjvG5

(Видео) Вознемирувачка глетка во Кавадарци, сведочење: Коњ лежи на земја, со насилство се обидувале да го кренат

Македонија | пред 4 дена

media-libraryccgr0698uvf32KyciA0

Кавадарци во боите на македонското знаме – Јанчев најави нова традиција за државните празници

Македонија | пред 4 дена

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања