Промени тема
Контакт
Стефан Николовски на „Претрес“: Тони, Тино, Атанас, Љутков, политичарите и „тајните“ зад сцената! Гледај на LANDOV.MK 2:18:21

При крај изградбата на Дневниот центар за лица со попреченост во Кавадарци, инвестицијата над 40 милиони денари

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 3 часа -

Македонија
media-libraryjld1tm3o909mevLxWyj

Изградбата на Дневниот центар за лица со телесна или ментална попреченост во Кавадарци е во завршна фаза, информира градоначалникот на општината, Митко Јанчев.

Паралелно со завршните градежни активности, се работи и на партерното уредување на просторот околу објектот, со цел да се обезбеди уредна, пристапна и функционална средина за идните корисници.

— реклама —

Според информациите објавени од Јанчев, Дневниот центар ќе има капацитет за 40 корисници, а вкупната проценета вредност на проектот изнесува 40.856.910 денари.

— реклама —

Реализацијата на овој проект претставува значаен чекор кон подобрување на условите за грижа и поддршка на лицата со попреченост, како и кон нивно поголемо вклучување во општествениот живот.

Од Општината посочуваат дека со ваквите инвестиции се создаваат услови за поинклузивна заедница, во која сите граѓани ќе имаат можност за соодветна поддршка и еднаков пристап до услугите.

— реклама —

„Продолжуваме да градиме Кавадарци како општина на еднакви можности, грижа и поддршка за сите граѓани“, порачува градоначалникот Митко Јанчев.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор

Поврзани содржини

media-librarybt77b2i63ntf6yFojVf

Заврши реконструкцијата на главниот водовод кон Сопот, инвестицијата вреди 37 милиони денари

Македонија | пред 2 дена

— реклама —
media-libraryhp0q1d63vj81ecL219J

Кавадарци ќе добие дом за стари лица со капацитет за 57 лица, најави градоначалникот Јанчев

Македонија | пред 1 седмица

media-librarym19nkt960qt82nIsMag

Затворениот базен во Кавадарци добива топлотни пумпи и нова опрема

Македонија | пред 2 седмици

media-library5tstqi3usn468uCyr23

Започна изградбата на новиот Младински културен центар во Кавадарци

Македонија | пред 2 седмици

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања