Промени тема
Контакт
Најнова епизода Стефан Николовски на „Претрес“: Тони, Тино, Атанас, Љутков, политичарите и „тајните“ зад сцената! Гледај на LANDOV.MK

Кавадарци ќе добие дом за стари лица со капацитет за 57 лица, најави градоначалникот Јанчев

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 2 седмици -

Македонија
media-libraryhp0q1d63vj81ecL219J

Потпишан е договорот за изградба на јавна општинска установа за вонсемејна социјална заштита на стари лица во Кавадарци, со што проектот влегува во фаза на реализација, информира градоначалникот Митко Јанчев.

— реклама —

Новата установа ќе има капацитет за 57 лица и ќе се простира на површина од 3.365,1 квадратни метри. Вкупната вредност на договорот изнесува 154.927.746 денари.

— реклама —

Од вкупната сума, 149.489.782,12 денари се обезбедени од Министерството за социјална политика, демографија и млади, додека Општина Кавадарци ќе учествува со 5.437.963,88 денари од општинскиот буџет.

Според најавите, градежните активности треба да започнат до крајот на месецов.

— реклама —

Со изградбата на установата, Кавадарци ќе добие дополнителен капацитет за згрижување и социјална заштита на старите лица, со услови за грижа, сигурност и достоинствен живот.

Од Општината проектот го оценуваат како инвестиција во социјалната сигурност и подобри услови за живот на граѓаните.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор

Поврзани содржини

media-libraryb7q6pbsudvp59wTvOWe

Во училишните дворови во Кавадарци поставени контејнери за текстилен и електронски отпад

Македонија | пред 5 часа

— реклама —
media-libraryund8l8aj0d9ffZ9yMt9

Општина Кавадарци осветлена во розово во знак на поддршка на кампањата „Розов октомври“

Македонија | пред 20 часа

media-librarypd0ds82nggql4tWvIkt

Нов спортски под, осветлување и греење – спортската сала во кавадаречката гимназија добива нов изглед

Македонија | пред 1 ден

media-libraryu91o4ipl2b3t1nqqQIy

(Видео) Го спасиле коњот од изнемоштеност, но повторно го земале истите лица - активисти од Кавадарци бараат институционална реакција

Македонија | пред 4 дена

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања