Промени тема
Контакт
Најнова епизода Сведоштва за полициско шамарање во Охрид: Едниот натепан на паркинг, малолетник во нива | Претрес Гледај на LANDOV.MK

Јанев: Благодарност за сите што помагаат во гасењето на пожарите, најстрого ќе бидат санкционирани оние што ги предизвикуваат

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 2 години -

Македонија
2-4

Денеска (04.08.2024) директорот на Бирото за јавна безбедност Александар Јанев заедно со дел од неговиот тим беа на терен во месноста ,,Буково", на тромеѓата помеѓу с. Расино , с. Косел и с. Опејнца, каде гори борова шума.

— реклама —

Директорот Јанев се заблагодари на пожртвуваноста на сите вклучени чинители во справувањето со огнената стихија.

— реклама —

Воедно, благодарност упати и за ангажираноста и посветеноста на хеликоптерските единици при МВР и МО, без чија воздушна поддршка не може да се стават под контрола пожарите, заради тешко пристапните терени.

Директорот Јанев упатува апел до граѓаните:

— реклама —

“Внимавајте кога се движите по шумите, по нивите, полињата, да не се фрлаат отпушоци, да не се палат стрништа, сепак, општото здравје и човечките животи се нешто најскапоцено, а подметнувањето на пожари е криминал од највисок степен!”

— реклама —

Директорот Јанев најави дека ќе бидат ангажирани сите расположливи дронови, кои ќе бидат во функција 24 часа, заедно со термалните камери, се со цел откривање на можни сторители-подметнувачи на пожари.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика

Поврзани содржини

media-libraryd1ssa6hjo5on2HjNlsc

Шестмина уапсени во ноќна акција во Скопје, полицијата контролираше и угостителски објекти

Македонија | пред 1 час

— реклама —
media-libraryu3t6m8j4fjacfNjc8XP

Насилство и грабеж во маркет во струмичкo, приведени две лица

Македонија | пред 22 часа

eZy-Watermark_01-10-2023_05-26-53-3340PM

Изгубил контрола над тротинетот и паднал на асфалт, тешко повредено дете итно пренесено на скопските клиники

Македонија | пред 1 ден

media-library7i63hrf4igt02XUeV7C

Раководител во јавно претпријатие пријавен дека ѝ се заканувал на вработена

Скопје | пред 1 ден

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања