Јанев: Бугарија ги презеде сите неопходни дејствија за да се истражи оваа страшна сообраќајна несреќа

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 4 години -

Македонија
Stefan-Janev

Бугарската држава реагираше во најбрз можен рок и ги презеде сите неопходни дејствија за да се истражи оваа страшна сообраќајна несреќа, во која загинаа 45 лица. Истовремено се води неопходна грижа за преживеаните, изјави привремениот премиер на Бугарија, Стефан Јанев во објава на официјалната Фејсбук страница на бугарската Влада.

— реклама —

Јанев изразуи сочувство до роднините на загинатите во несреќата на автопатот Струма, што се случи вечерва.

— реклама —

Ова е огромна и неопислива трагедија која не потресе. Во моментов, активностите се во рацете на истражните органи. Кога ќе се направи потребното, ќе може да се коментира за причината што довела до толку многу жртви. Нека си ја завршат работата истражните органи. Подоцна, ние мора внимателно да ги извлечеме вистинските лекции од овој трагичен инцидент за да спречиме такви трагедии во иднина. Во моментов единствена јасна информација е дека автобусот со жртвите и повредените е регистриран во Република Македонија. Во врска со ова, во раните утрински часови разговаравме со премиерот на Република Македонија Зоран Заев. Како Влада ќе ги преземеме сите неопходни активности за справување со трагедијата – изјави Јанев.

— реклама —

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања