Промени тема
Контакт
Најнова епизода „Претрес“ на Владиката Петар: Томосот, кавгите, тарифите, парите за ТВ, политиката, контроверзиите Гледај на LANDOV.MK

„Јаневска ги нарече студентите ненормални наместо да одговори за непочитувањето на законот“, велат од Левица

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 12 минути -

Македонија
media-librarypr0dn5sccmhd0sP7UTX

Пратеничката група на Левица преку соопштение најави дека утре повторно ќе поднесе предлог-закон за зголемување на субвенционираниот студентски оброк, обвинувајќи ја министерката за образование Весна Јаневска дека не ја исполнува законската обврска за усогласување на износот со инфлацијата.

— реклама —

Од партијата реагираат на односот на министерката кон студентските протести, тврдејќи дека наместо да одговори зошто оброкот со години не е усогласен со инфлацијата, таа ја доведувала во прашање оправданоста на студентскиот револт.

— реклама —

Според пресметките на Левица, кои, како што наведуваат, биле објавени уште во август, студентите досега биле оштетени за околу 400 милиони денари.

— реклама —

Од партијата потсетуваат дека досега поднеле законски измени и амандмани, иницирале судска постапка и доставиле претставка до Народниот правобранител. Тврдат и дека парламентарното мнозинство ги одбило нивните претходни предлози за зголемување на студентскиот оброк.

— реклама —

Левица оценува дека најавените нови модели за октомври 2027 година не можат да го надоместат досегашното неисполнување на законската обврска и бара Јаневска да одговори зошто не постапила според законот.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика

Поврзани содржини

media-library8jr1drgi67v78KmQxVE

Левица: Онколошките пациенти остануваат без терапија, бараме итна набавка на лекови

Македонија | пред 17 часа

— реклама —
media-library8jr1drgi67v78KmQxVE

Левица: ДПМНЕ одби три амандмани на Левица за борба против семејното насилство и поддршка на жртвите

Македонија | пред 21 час

eZy-Watermark_01-10-2023_05-04-46-2790PM

„Пациентите од онкологија цела недела оставени без лек, само третина од пациентите вакцинирани против грип“, вели Левица

Македонија | пред 1 ден

2_99

„СДС им даваше физиолошки, ДПМНЕ ниту тоа - Клековски арогантно се крие зад директорот на Онкологија за недостатокот на лекови“, вели Левица

Македонија | пред 4 дена

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања