Промени тема
Контакт

Јаневска откри зошто ВМРО-ДПМНЕ не го поддржува законот за наставници

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 4 години -

Македонија
vesna-janevska

Многу пати пишував за Предлог законот за измени и дополнување на Законот за наставници, но и покрај бројните објави имам впечаток дека некои нешта останаа нејасни за широката јавност, вели Весна Јаневска од ВМРО-ДПМНЕ.

„ВМРО-ДПМНЕ смета дека овој закон не е добар за наставниците, затоа што:

1. Предвидува вработување на наставници на неопределено време без приправнички стаж со што се укинува еден од механизмите за контрола на квалитет и се овозможува партизација во образованието

— реклама —

2. Трансформацијата на работниот однос е решена во затворен круг на градоначалникот, директорот, кој го именува градоначалникот и кој формира училишна комисија за вработување и комисија за трансформација, која ја формира градоначалникот. Ова е основ за политизација на вработувањатра. На ВМРО-ДПМНЕ со оглед на бројот на градоначалници освоени на последните локални избори ова и може да му оди во прилог, однсно пратениците на ВМРО-ДПМНЕ би можеле да ја искористат ситуацијата во корист на сопствената партија, но решението е лошо и ВМРО-ДПМНЕ не го поддржува.

3. Законот е крајно дискриминаторски затоа што во членот 25 се предвидуваат различни плати за наставници вработени пред и по изгласување на законот (види слика).

— реклама —

4. Има и други елементи, но најбитните се погоре кажани.

— реклама —

Законот не предвидува покачување на платите. Во законот е дадена категоризација според ниво на квалификации/образование на вработените во образованието како основа за пресметка на плата. Нивото на квалификација е изразено во бодови, што не значи покачување на платата.

Пракса е во Македонија МОН и репрезентативниот синдикат да потпишат спогодба за износот на вредноста на бодот на наставниците. Тоа значи дека МОН и синдикатот уште денес/ утре може да потпишат спогодба и платите на наставниците да се покачат. СЕ’ ДРУГО Е ЛАГА. Инсистирањето за донесување на овој закон е за да поминат другите членови од законот, а не покачување на платата на наставниците“, додава таа.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања