Промени тема
За нас
Загрозениот Груби, трагедијата во Карпош, дрога, газда Деко/Пулс, Грчец и Шеваљ-Претрес со Ѓурчески
Загрозениот Груби, трагедијата во Карпош, дрога, газда Деко/Пулс, Грчец и Шеваљ-Претрес со Ѓурчески

Јаневски: Наместо политички реклами на зидовите на зградите во Ѓорче ќе има уметнички мурали

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 4 години -

Скопје
IMG_20190717_114159

Доколку сакаме да присуствуваме на културни настани и уживаме во уметничките дела на повеќе локации тоа не можеме да го направиме во општината Ѓорче Петров. Културно уметничкиот живот на ѓорчепетровци како и многу други потреби започнуваат од Влае, а на ова поле последните две декади буквално ништо не е направено, вели кандидатот за градоначалник на Ѓорче Петров д-р Љупчо Јаневски од Граѓанското Движење Одлучно за Промени

— реклама —

„Нашата општина нема да заостанува во развојот на културата, уметноста, театарот и дополнителните содржини кои во најмала рака можат да се организираат на отворено. Со создавање на совет од видни уметници и работници во културата кои заеднички со општината ќе учествуваат во креирање на годишната програма и организација на уметнички колoнии на отворени во градските паркови во Ѓорче и останати манифестации кои ќе имаат државен и регионален карактер. Дел од нашата програма предвидува:

— реклама —

  •  Подигање на неколку Мурали на стамбените згради како обележје на општината Ѓорче

    Петров

  •  Организирање на ликовни колонии низ парковите во Ѓорче
  •  Кино на отворено и театарски престави во повеќе населени места на општината
  • Отворање на постојана музејска поставка за историјата на општината
  • Создавање на општински весник и интернет портал кои ќе третира општински теми
  • Реновирање на матичната служба во Ѓорче Петров
  • Нова библиотека со стручна литература од повеќе области и читална за потребите на

    академската јавност

  • Музеј на железничарите
  • Бесплатни простории за проби на бендови од Ѓорче Петров- ЗА ЃОРЧЕ
  • Активна работа со сите здруженија и поединци од полето на културата и создавање на

    секции кои ќе започнат со работа во училиштата

  • Ѓорчепетровски поетски читања - Затворено кино
  • Нов заеднички простор (coworking space) за фриленсери

Просторот кој во моментов се користи за политички реклами на зидовите на зградите во Ѓорче со уметнички мурали на локални уметници финансирани од општината. Развојот на културата

и настаните ќе овозможи Ѓорче да биде посакувана дестинација на скопјани и други и друга публика која ќе ужива во новите и оплеменети простори на младите уметници истакна

Јаневски.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања