Промени тема
Контакт
Претрес на Слаткар: За Владо Јаневски, „предавник“ „платеник“, концертот на Илинден, филмот, животот
Претрес на Слаткар: За Владо Јаневски, „предавник“ „платеник“, концертот на Илинден, филмот, животот

Јанкулоска е дома, по три години го напушти затворот „Идризово“

објавено пред 2 години -

Македонија
Screenshot-2023-11-01-at-10.37.41

Ексминистерката за внатрешни работи, Гордана Јанкулоска, излезе од затворот „Идризово“. По три години и еден месец, таа е на слобода, и е заедно со семејството. Од денеска, Јанкулоска затворската ќелија ќе ја замени со домашна атмосфера. Излегувањето од затвор е со условен отпуст, по одлука донесена од Апелација. Нема да се врати зад решетки ако до идниот октомври не направи ново кривично дело.

— реклама —

При донесувањето на ваквата одлука биле земени предвид повеќе фактори - Јанкулоска е мајка на петгодишно дете, кое било лишено од мајчинска грижа и воспитување, таа ги почитувала правата и обврските кои произлегуваат од куќниот ред на затворот, се вклопила во домската средина во која имала максимално пријателски односи со останатите осудени лица и не манифестирала насилни и конфликтни однесувања.

— реклама —

Гордана Јанкулоска е правосилно осудена на 4 години затвор за незаконската набавка на мерцедесот од речиси 600 илјади евра за експремиерот Никола Груевски. На 27 септември, со потврдата на пресудата за „Тенк“, таа беше спроведена зад решетки. Јанкулоска издржуваше казна за сторено дело злоупотреба на службената положба и овластувањата зашто му наложила на помошникот-министер во МВР Ѓоко Поповски да го намести тендерот и со пари од буџетот на полицијата, да купи блиндиран мерцедес, не за полицијата, туку за тогашниот премиер Никола Груевски, по негова нарачка.

— реклама —

— реклама —
jankuloska6

Јанкулоска излегува на слобода: мајка е, а го почитувала и куќниот ред

Кривичниот совет на Апелациониот суд Скопје ја уважи жалбата на осудената Гордана Јанкулоска од Скопје, при што решението на Кривичниот совет на Основниот кривичен суд Скопје го преиначи и ја отпушти осудената на 1 ноември 2023 година од издржување на казната затвор, под услов до истекот на условниот отпуст, 28.09.2024 година, да не стори ново кривично дело, информираат од Апелациониот суд Скопје.По предметот оформен по молбата за условен отпуст на осудената Гордана Јанкуловска од Скопје, од Апе

Македонија | пред 2 години

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели

Поврзани содржини

media-library8v0h8527to0d098gNZW

(Видео) „Претрес“ од Кочани: Каде заврши поддршката и човечноста?

Македонија | пред 8 месеци

media-librarygab73dmql4hp9Lej5v6

(Видео) Низ солзи мајката на загинатиот Андреј: Дали мораше со трубачи и лепење пари да слави Венко Крстевски по првиот круг

Македонија | пред 8 месеци

media-librarynuo60j7ue6fp1hN2yQO

(ВО ЖИВО) Димитриевски: Јас сум социјалдемократ а не вмровец, Заев е предавник

Македонија | пред 8 месеци

media-librarykn5gubiuk2m18BYIP15

(ВО ЖИВО) Димитриевски: СДСМ е трговец поединец, Платформата за црвените линии на СДСМ е кукавично јајце

Македонија | пред 8 месеци

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања