Промени тема
Контакт

Јанкулоска засега нема да оди во затвор

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 7 години -

jankulovska

Поранешната министерка за внатрешни работи, Гордана Јанкулоска, нема да оди в затвор на 1 јули, односно актот се одложува повторно, овој пат до недогледно време затоа што Врховниот суд, чиј претседател е Јово Вангеловски, ќе ја преиспитува правосилната пресуда.

„Заради интерес на повеќе медиуми, ја информираме јавноста дека Врховниот суд на РСМ до Основниот кривичен суд – Скопје достави решение со кое барањето на Г.Ј. осудена со пресуда на Основниот кривичен суд – Скопје со КОК бр. 21/18 и пресуда на Апелациониот суд – Скопје со КОКЖ бр. 46/18, од обвинителството означена како „Тенк“, за одлагање на извршувањето на казната – се уважува“, се вели во соопштението на основниот суд.

— реклама —

Оваа одлука важи за случајот „Тенк“ во кој Јанкулоска е осудена правосилно на 4 години затвор за злоупотреба на службената положба. Поранешната министерка прво беше осудена на 6 години затвор, кој Апелација го преиначи и ја намали казната на четири години.

— реклама —

Во истиот случај обвинет беше и поранешниот премиер Никола Груевски кој сега има азил и ужива во слободата во Унгарија.

— реклама —

 

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор

Поврзани содржини

sudija

Судија од гостиварска Апелација добивал закани по телефон, заканувачот ќе одговара кривично

Македонија | пред 4 години

— реклама —
bukvi

5 мај - Ден на македонскиот јазик и азбука

Македонија | пред 6 години

boki-13-reket

Видео и аудио од моментот кога Боки 13 и Зоки Кичеец ги земаат парите од Орце Камчев

Македонија | пред 7 години

NEFI-960x540

Обинителството и Полицијата влегоа во фирмите на Нефи Усеини

Македонија | пред 7 години

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања