Промени тема
Контакт
Најнова епизода „Претрес“ на Андреј Петров: Го менуваат Филипче, го враќаат Бранко? А Македонија? Гледај на LANDOV.MK

Јапонија петти ден по ред се соочува со температури над 40 степени

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 3 месеци -

Свет
sonce-so-termometar

Јапонија и денеска се соочува со екстремен топлотен бран, при што температурите петти ден по ред надминуваат 40 Целзиусови степени.

— реклама —

Највисока температура од 40,2 степени е измерена во градот Кувана, во префектурата Мије, во централниот дел на земјата. Според локалните медиуми, ова е најдолгата низа денови со температури над 40 степени откако во 2010 година почнало систематското водење на вакви податоци.

— реклама —

Поради жештините, предупредувања се издадени за 37 од вкупно 47 јапонски префектури. Температури од 39 степени и повеќе се регистрирани и во префектурите Аичи, Гифу и Вакајама.

Јапонската метеоролошка агенција соопшти дека ведрото време дополнително придонесува за пораст на температурите. На граѓаните им се препорачува да престојуваат во климатизирани простории, редовно да внесуваат течности и минерали, како и да избегнуваат подолг престој на отворено.

— реклама —

Во исто време, топол и влажен воздух носи обилни врнежи во североисточниот регион Тохоку и во префектурата Ниигата. До недела во овие области се очекуваат поројни дождови, при што количината на врнежи може да достигне до 120 милиметри во Тохоку и до 100 милиметри во Ниигата.

Метеоролозите предупредуваат на опасност од свлечишта, поплави во пониските подрачја, излевање на реки, како и појава на грмежи и силни налети на ветер.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор

Поврзани содржини

media-libraryis110mvrlqd15RmF96W

Ново откритие на научниците од Јапонија: Клетките на ракот би можеле сами да се уништат

Свет | пред 15 часа

— реклама —
mkd-393567

Јапонија не се откажува од руските нафта и гас и покрај плановите за намалување на зависноста

Свет | пред 3 дена

media-library8iekmmmqemhn4fRaQMe

Привремено запрен реактор во јапонска нуклеарна централа поради дефект на вентил

Свет | пред 1 седмица

media-libraryfmur0gqpghhr4H4P3YA

Над 5.300 фирми пропаднаа за шест месеци во Јапонија, најмногу во последните 14 години

Свет | пред 3 седмици

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања