Промени тема
Контакт

Јаревски: Богоев врши бетонизација на Карпош и Водно, бараме итно поништување на урбанистичкиот план

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 5 години -

Македонија
Jarevski04062021

Позициите јасно се исцртани. На една страна е СДСМ и урбаната мафија, кои се за бетонизација на Карпош и Скопје, на друга страна е ВМРО-ДПМНЕ со граѓаните. Планот на Богоев за градење на нова населба на падините на Водно над населбата Козле ќе значи уништување на ново зеленило и узурпација на планината, во ерозивно подрачје, во кое не е препорачлива градба, таму има опасност од појавување на свлечишта, истакна Тони Јаревски, претседател на ОК Карпош.

Јаревски додаде:

Богоев не само што ги става во опасност можните инвеститори кои би изградиле свој дом таму, туку и ги става во опасност и жителите на Козле кои исто така би биле погодени од евентуелни свлечишта на тој потег.

— реклама —

Оттука денеска поднесовме жалба до Второстепената комисија за одлучување во управна постапка и постапка од работни односи во втор степен, градоначалникот на Карпош и Министерството за животна средина за поништување на Одлуката за ДУП за градска четврт ЈО4, со цел заштита на граѓаните, Водно и животната средина.

Во жалбата прецизно наведовме најмалку 11 недоследности, нелогичности и противречности со законските и подзаконски акти. Било која од нив е доволна причина и основа за поништување на Одлуката.

Прашањето е која причина е толку голема што токму сега и на овој начин СДСМ и Богоев решиле да го протуркаат овој урбанистички план?

Изминати се 6 години и 3 месеци, период кој е премногу долг, за да се продолжи со постапката за овој ДУП имајќи ги предвид бројот на измени во законот за животна средина, како и екпспанзијата на градот во период од 6 години, зголемениот сообраќај, бројот на жители, загадувањето на воздухот итн. Овој период од носењето на одлуката до нејзиното објавување е спротивен и на членот 65 став 10 од Законот за животна средина и со тоа објавата на одлуката е незаконска.

Стефан Богоев и СДСМ не добија мандат за бетонизирање на Карпош и Водно.

— реклама —

Потребно е спроведување на ревизија на сите постоечки урбанистички планови во еден сеопфатен и целосно транспарентен процес во кој животната средина и интересите на граѓаните ќе бидат запазени и целосно заштитени.

ВМРО-ДПМНЕ секогаш ќе биде на страната на граѓаните. Затоа Ве повикувам да ни се придружите на Протестот утре 05.Јуни во 12 часот, на раскрсницата помеѓу улиците Брадфордска и ул.Козле заедно да го изразиме нашиот револт од лажните и неисполнети ветувања на СДСМ и да побараме итно поништување на Одлуката за овој урбанистичкиот план.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања