Промени тема
Контакт
Најнова епизода Од „обид за убиство“ до врвот на СДСМ: „Претрес“ на Трифуновски за фештата, бегството, Алта Банка Гледај на LANDOV.MK

Јас би се чувствувал засрамено да седам на маса со Бугарија, ако тие му забраниле влез на адвокатот кој ги брани Македонците таму, вели Мицкоски

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 8 месеци -

Македонија
media-libraryrikvisido9ld3PXfRkd

Премиерот Христијан Мицкоски реагираше на информацијата дека адвокатот Тони Менкиноски добил забрана за влез во Бугарија во траење од десет години, оценувајќи дека доколку тоа се потврди, станува збор за сериозен удар врз демократските принципи.

— реклама —

„Доколку е точно, тоа е уште еден срам за демократијата кај нашиот источен сосед. Тоа е поголем срам за сите оние кои не веруваат во вистинските намери на политичарите кај нашиот источен сосед. Јас би се чувствувал засрамено да сум човек кој седи на иста маса и треба да споделува исти вредности со политичарите кај источниот сосед. Тука мислам на земјите членки на Европската Унија кои треба да реагираат, ако ова е така“, изјави Мицкоски.

— реклама —

Претходно адвокатот Тони Менкиноски информираше дека официјалните власти во Софија му изрекле забрана за влез во Република Бугарија во траење од десет години. Тој ја оцени одлуката како скандалозна и како директен притисок врз неговата адвокатска работа.

— реклама —

Менкиноски кажа дека забраната претставува обид за замолчување поради неговата улога како правен застапник на Македонците во Бугарија пред Европскиот суд за човекови права во Стразбур.

— реклама —
media-libraryhgt83hfh984sb2UD2cL

Бугарија му забрани влез на адвокатот Тони Менкиноски во наредните 10 години

Адвокатот Тони Менкиноски информираше дека официјалните власти во Софија му изрекле забрана за влез во Република Бугарија во траење од 10 години, оценувајќи ја одлуката како скандалозна и како директен притисок врз неговата адвокатска работа.Менкиноски најави прес-конференција на која ќе ги соопшти деталите за одлуката и околностите под кои е донесена.Според него, забраната претставува обид за замолчување поради неговата улога како правен застапник на Македонците во Бугарија пред Европскиот суд

Македонија | пред 8 месеци

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор

Поврзани содржини

media-libraryp7u1ooug0nul7r2X39C

36 години ВМРО-ДПМНЕ Центар: Мицкоски најави нови предизвици и активности

Македонија | пред 12 часа

— реклама —
media-libraryjspb9ev6det5aGJST3S

Мицкоски по изјавата на Ходаи: Непристојно е навредувањето на професорите, јас сум пријател и поддржувач на студентите

Македонија | пред 21 час

media-library4pbhlern6kbb1x9PMgE

Мицкоски очекува аукцијата за отуѓување на акциите на Алта банка да биде закажана кон крајот на овој месец

Македонија | пред 22 часа

media-library3t24igegg1mf1eZH7DS

Мицкоски за „Алта банка“: СДСМ се радуваат на црни сценарија, ние се обидуваме од петни жили да најдеме решение

Македонија | пред 3 дена

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања