„Претрес“ на Драги Книга: Груевски, Арсовска, Заев... поврзаност на политиката, бизнисот, подземјето
kz2fiBoVvcg

„Јас сум самокритичен, совесен“, вели сопственикот на Таверна „Момир“, кој денеска самостојно ја урива платформата

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 4 години -

Македонија
momir-za-skopje

Општина Охрид не отстапува од расчистувањето на крајбрежјето од дивоградби. Сите  кои без дозвола изградиле или доградиле објекти, тераси, платформи добија решение со рок од три дена за отстранување на истите.

— реклама —

Денеска се урива платформата од Таверна „Момир“, во стариот дел на Охрид. Сопственикот на истата за вели дека постапуваат според решението на локалната самоуправа.

„Јас сум самокритичен, совесен и затоа денеска ја отстрануваме платформата. И покрај тоа што во катастар е влезен мост на ова место, но тој мост не одговараше спрема објектот, па ние го оплеменивме. Но, според решението еве денеска комплетно ќе отстраниме се што сме изградиле, вели Ристо Момир за СКОПЈЕ 1.

— реклама —

Инаку градоначалникот во неколку наврати апелираше сопствениците на дивоизградени објекти да постапат според решенијата на Општина Охрид, во спротивно локалната ќе ги отстрани објектите. Тој е категоричен дека крајбрежјето мора да се расчисти во целост според препораките на Унеско.

Инаку се расчистија и плажите за што предвидени се дополнителни 3 милиони денари за уредување на истите.

„Ќе се ангажираа од ЈП Охридски комуналец дополнителни работници кои ќе се ангажирани само за одржување на плажите. Мислам дека оваа сезона конечно ќе воведеме ред во функционирањето на плажите. Во минатото имаше случаи каде се поставувани лежалки, препреки за да се наплаќа паркинг при паркирањето во близина на плажите. Тоа оваа година ќе го завршиме. Во иднина, во однос на стопанисувањето, се прави урбанистички план. Ќе биде согласно сите критериуми. Општината ќе распишува изнајмување на тој простор, но треба да сфатиме дека тоа ќе бидат плажи, а не објекти од траен или времен карактер“, истакна неодамна Георгиевски.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања